Македонија
Избрани најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска ги додели наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител за 2009 година
Димитар Арготов, полицаец во Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, ја доби наградата за најдобар полицаец, на Град Скопје, како заслуга за неговото ефикасно работење. „Да се биде добар полицаец е потребно доста искуство, макотрпно да се работи, да се реагира на секој повик и да се извршуваат задачите до крај. Од 1982 година сум во сообраќајната полиција на Град Скопје и до сега имам извршувано повеќе, каде се имам истакнато, имам добиено повеќе парични награди, а оваа награда е најголемата во мојот живот и мојата служба“ изјави најдобриот полицаец за 2009 година Димитар Арготов. Мифтари Башким, командир на одделението во Бригадата за противпожарна заштита е избран за најдобар пожарникар на Град Скопје. Башким работи како пожарникар од 1994 година. „Да се биде првиот пожарникар во Скопје е голема чест, знаејќи дека противпожарната бригада опфаќа многу поопширна околина. До сега имам учествувано во околу 500 пожари и околу триесетина технички интервенции. “ изјави Башким. Драги Котевски вработен во „Македонски железници“ е избран за најдобар крводарител на Скопје за 2009 година, вкупно со повеќе од 105 дарувања крв. „ Дарувам крв од своите 15 години, а понатаму со самото вработување активно се вклучив во крводарителните акции и четири пати годишно да се дарува крв за мене не претставува проблем. Колку животи сум спасил не знам, и крводарителството за мене претставува хуманост, нешто со што се гордеам“ изјави Котевски. Градот Скопје ги награди најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител со парична награда од 10 000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука