Македонија
Македонија и Израел имаат добра безбедносна соработка, констатираа премиерите
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски кој претстојува во тридневна официјална посета на Израел денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
На средбата, како што јави известувачот на МИА, беа разнменети мислења за досегашната соработка, како и за заемните пријателски односи меѓу двете држави.Македонскиот премиер Никола Груевски ги образложил политиките на неговата Влада, особено во делот на образованието и градењето атрактивна деловна клима. При тоа истакна дека Македонија нуди можности за влез на нови израелски инвеститори.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, искажа голема благодарност за поддршката што Израел ја добива од Македонија, особено при последните резолуции на Обединетите нации. Тој потенцирал дека соработката меѓу безбедностните структури на двете држави е на одлично ниво и додаде дека треба да се породлабочи и соработката во останатите области, особено во економијата.На крајот на средбата премиерот Груевски го информираше својот израелски колега дека Македонија е една од ретките земји во светот и единствена во регионот на Југоисточна Европа која инвестира во изградба на Меморијален центар за Холокаустот. Тој воедно упати покана до премиерот Нетанјаху да ја посети Македонија по повод отворањето на Центарот, кое се предвидува за крајот од годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жерновски со претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек, информираат од СДСМ.
„Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена. Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок“, вели во својата објава на социјалните мрежи, Жерновски.
Притоа, Жерновски нагласува дека уште поскандалозeн е фактот дека конкретната судска постапка воопшто и не се води против Владата, туку против Претседателот на државата.
„Прашањето е едноставно, како портпарол на Владата располага со информации за тековен судски процес во кој не се јавува како странка во постапка? Како истата располага со информации дека воопшто е донесена првостепена одлука, дека има жалба и дека истата е неоснована, во услови кога воопшто не е донесена второстепена одлука? Ова не се „гласини кои кружат во јавноста“. Тоа може да биде единствено информација добиена директно од самиот суд“, вели Жерновски.
Тој додаде дека на овој начин се потврдува влијанието и недозволивото мешање на извршната во судската власт, спротивно на уставните принципи на владеење на правото и поделба на власта.
Поради сериозноста на ситуацијата, поднесувам претставка до Судскиот совет. Политичка и судска одговорност за овој скандал мора да има. И ќе има“, посочи Жерновски.
Македонија
Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји.
Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста.
Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува основа за унапредување на економската, трговската и стратешката соработка меѓу двете држави, при што сајбер-безбедноста и дигитализацијата се меѓу клучните столбови на овој дијалог.
“Министерството за дигитална трансформација продолжува да гради партнерства и да работи на зајакнување на националните капацитети за сајбер-заштита, преку соработка со меѓународни партнери и размена на добри практики“.
Македонија
Почна изградбата на водовод и атмосферска канализација во Ласкарце – инвестиција од 85 милиони денари
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај.
„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа.
Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.
Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

