Македонија
Русија го одликуваше министерот Јанакиески
Македонскиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски во среда беше одликуван за особен придонес во својот ресор и за унапредување на економските врски со Руската федерација
Признанието денеска на македонскиот министер му го врачи рускиот амбасадор воземјава Владимир Солоцински, истакнувајќи дека без залагањето на министерот Миле Јанакиески проектот Лукоил не би бил реализиран. „Современата економија неможе да се развива без добра транспортна инфраструктура и македонското министерство ги вложува сите напори за нејзин развој, а истовремено придонесува за развојот на врските меѓу двете земји, рече Солоцински.Министерот Јанкиевки се заблагодари за оваа несекојдневна прилика и рече дека му е особена чест што е добитник на признанието што е по иницијатива на неговиот руски колега Игор Левитин.„Ова е дополителен мотив да продолжиме со реформите но и да ја продлабочиме соработката меѓу двете земји. Околу илјада билатерални и 50 товарни дозволи биле разменети меѓу двете земји во текот на 2009 година, а се надеваме на интезнивирање на оваа соработка”,рече Јанакиевски истакнувајќи дека проектот за гасификација, Лукоил и другите проекти се потврда за добрата соработка.Во однос на прашањето за клириншкиот долг Солноцински рече дека истото ќе биде затворено најдоцна до април откако ќе се одржи меѓувладина комисија во чија работа учество ќе земат многу важни министерства од двете земји. Во однос на македонските работници што работат на рускиот пазар, амбасадорот рече дека со олимписките игри што треба да се одржат во Сочи во 2014 г. се отвора сериозна можност за македонските градежници.“Денеска во Русија се се определува со пазар, па ако македонските компании понудат конкурентни проекти, истите ќе бидат разгледани. Затоа е потребно интензвивирање на економските контакти”, изјави Солоцински и додаде дека информирањето на деловните кругови е важен дел за влез на македонските компании на рускиот пазар.Солоцински истакна дека има интерес од руските компании за инвестирање во Македонија, а доказ за тоа е и неодманешната инвестиција во гасификацијата на една хидроцентрала во близината на Скопје чија вредност се проценува на 180 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

