Македонија
Интерактивните телефонски квизови лажна мамка за граѓаните
Интерактивните телефонски квизови кои се емитуваат на комерцијаните електронски медиуми, на кои повеќе се троши, отколку што се заработува, ќе бидат регулирани со подзаконски акти
Ова беше договорено денеска меѓу Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и претставници од Советот за радиодифузија, Организацијата на потрошувачи на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации, на која беше разговарано за интерактивните телефонски квизови кои се емитуваат на комерцијалните електронски медиуми.
„Сегашната законска регулатива не е најпрецизна околу користењето на телефонски броеви со додадена вредност кои се употребуваат во квизовите. Ќе направиме дополнителен напор преку подзаконски акт конкретно да го регулираме ова прашање, да поставиме јасни и недвосмислени правила на игра. Таквите квизови придонесуваат повеќе за трошење на пари, отколку за заработка“, рече претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски.Директорот на Агенцијата за електронски комуникации која ги доделува овие телефонски броеви, Петар Иваноски истакна дека ќе се потрудат организациите со здружени сили да ги изменат подзаконските акти и изрази надеж делка до текот на наредната недела ќе се пронајде едно прифатливо и заедничко решение кое ќе даде резултати.Организацијата на потрошувачи на Македонија ја согледуваше состојбата и предупредуваше на нејасни информации за учество на овие квизови. Се надевам дека со измена на законот ќе се направат појасни правила. Апелираме до граѓаните во овој домен да избегнуваат јавувања на овие линии кои што се доста скапи, иако тоа не е претставувано така“, рече претседателот на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велкова.Договорено е до средината на идната недела овие промени да бидат направени и за ова да биде известен претседателот на Собранието на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

