Македонија
Ограбена филијала на „Македонска пошта“ во Охрид

Непознат вооружен разбојник во црн капут под закана со пиштол утрово ја ограбил филијалата на „Македонска пошта“ во Охрид однесувајќи со себе семе 800 евра
Вооружен напаѓач утрово ја ограбил филијалата на „македонска пошта“ во Охрид, што се наоѓа зад „Мини маркет“.Според првичните неофицијални информации, грабежот се случил во раните утрински часови, непосредно по отворањето на поштата околу 7.10 часот, кога разбојникот упаднал вои просториите и под закана со оружје од вработените однел пари. Екипи на Секторот за внатрешни работи од Охрид, истражен судија и јавен обвинбител вршат увид на местото на грабежот.Според првичните информации, разбојникот со „фантомка“ на главата веднаш по отворањето на поштата влегол внатре и заканувајќи им се со пиштол на вработените украл 51 илјада денари, по што избегал.Екипа на Секторот за внатрешни работи од Охрид е на местото на настанот и врши увид и информативен разговор со вработените. Разбојникот кој бил облечен во црн капут е снимен од безбедносните камери на соседната експозитура на Охридска банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.