Македонија
Нимиц: И со различни погледи може да има решение
Македонија и Грција имаат различни позиции, но има основа за да се дојде до решение, изјави денеска Метју Нимиц по средбата со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас и преговарачот Адаматиос Василакис.
Откако го слушна ставот на македонската влада медијаторот денеска се запозна со позициите на Грција. „Позициите во Скопје и позициите овде во Атина, очигледно е дека се различни. Луѓето имаат различен национален интерес. Но,верувам дека постои основа за изнаоѓање на решение“, изјави Нимиц Тој смета дека според резолуцијата на ОН потребно е да се дојде до решение за името на земјата која во моментот го користи привременото Поранешна Југословенска Република Македонија.„Целта од секогаш била да се најде име за државата. Другите доаѓаат другите прашања што се појавија во изминатите години“, вели Метју Нимиц. И од грчкото МНР велат дека прво треба да се реши името на земјата. Оттаму велат дека идентитетот и јазикот се алатки на премиерот Груевски за да избегне да преговара за името на земјата.,,Позитивната порака што ја праќа Грција почнува да се разбира. Се надеваме дека позитивните промени ќе бидат пренесени и на преговарачката маса“, изјави портпаролот на грчкото МНР Грегори Делавекурас.Грчката страна е задоволна од средбата со Нимиц. Во позитивниот и искрен дијалог Нимиц, ги известил за средбите во Скопје и рекол дека процесот би можел да се придвижи кон конечно решение. По посетите на Скопје и Атина, медијаторот се уште не одлучил кој ќе биде неговиот следен чекор. Дали ќе ги свика преговарачите на заедничка средба во Њујорк или повторно ќе ги посети двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

