Македонија
Лекарската комора бара итна средба со Груевски
Лекарската комора на Македонија бара итна средба со премиерот Никола Груевски
Причина за средба со премиерот е одлуката на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување за намалување на вредноста на капитациониот бод за десет отсто, како и големото незадоволство на лекарите од целата држава што може да прерасне во револт, велат од Лекарската комора.
Лекарската комора на Македонија смета дека министерот за здравство, Бујар Османи, поради презафатеност со останатите проблеми во здравството немал можност целосно да ја согледа состојбата и импликациите што може да произлезат од една ваква одлука.
Токму затоа Лекарската комора бара средба со премиерот на која низ директен разговор ќе ги изнесат аргументите за кои велат дека Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување нема слух.
Од Лекарската комора информираат дека одлуката на Извршниот одбор за замрзнување на активностите на сите членови во органите и телата на министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување и натаму е на сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

