Контакт

Македонија

Денеска е Велигден

Објавено пред

Синоќа во сите христијански храмови беше одбележан најголемиот празник – Христовото воскресение, по тој повод интегрално го предаваме Велигденско послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан и Светиот архиерејски синод

dobivaj vesti na viber

По милоста Божја Архиепископ Охридски и Македонски, заедно со Светиот Синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верни чеда на Македонската православна црква, а по повод Воскресението Христово – Велигден, испраќа архипастирски благослов и мир од Бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав Христос Воскресе!

Денес, нека се веселат небесата, нека се радува земјата; нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата вечна радост – воскресна од мртвите! (Пасхална песна)Возљубени чеда во Господа,Денес е Денот што е смисла на сите денови: денес е Денот што му дава значење на нашето постоење, Денот што го оправдува нашето создавање; денес е Денот што ја осмислува сета наша иднина! Денес е Велигден, Денот над деновите, во кој го чествуваме Торжеството над сите торжества – Воскресението Христово. Во тој настан се исполниле сите надежи, сите желби и потреби; се објасниле сите маки, страдања и сите неправди. Со воскресението на Христа Спасителот, осознаена е иднината, осмислено е минатото и разбрана е сегашноста.Вековите се нижат, годините итаат, времето минува, но тој Ден, Денот на серадосното торжество – никогаш не завршува. Затоа и пее денес Светата Црква: овој ден го создаде Господ, да се радуваме и веселиме во него, зашто во мигот кога Христос воскресна и смртта ја победи, нè ослободи од ропството на гревот и ни ги отвори вратите на Небесното Царство, за да можеме да влеземе во радоста на Неговиот Отец, за да нè направи сонаследници на вечноста, да нè направи Свои браќа и синови на Севишниот. Возљубени празникољупци,Воскресението Христово е темелот на нашето верување, на нашата надеж и на нашиот подвиг. Тоа е доказот дека нашата вера не е празна, дека нашата проповед не е залудна (1 Кор. 15, 14). – Па, ако Христос не воскреснеше, нашата природа сè уште ќе беше во оковите на смртта, сè уште не ќе бевме слободни од злото во нашиот ум, во нашите мисли, во делата, во волјата; не ќе можевме да се ослободиме од последиците што гревот ги нанесува и на нашето тело, како и од разните страдања, болести, умирања… Но, колку е сето ова победено и како е уништена смртта, кога ние сè уште умираме; како го нема гревот, кога во нас и околу нас царува злото? По воскресението Христово, смртта е обезличена и обессилена. На оние што се исполнети со вера и љубов кон човекољубивиот Господ, гробот веќе не им е татковина, туку им е врата – премин кон вечното живеалиште; за нив упокојувањето не е веќе страв и ужас, ниту крај на животот, туку е почеток на вечната заедница со Бога. Само Христос е лекот од заразата на гревот и само тие што се хранат со живиот Господ, всушност, се хранат со Животот, зашто разбираат и гледаат дека е вистинито Господовото ветување: Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден…, и таквиот …живее преку Мене (Јован 6, 54; 57). Затоа, светиот апостол Павле извикува: О, смрт, каде ти е осилото? Пеколу, каде ти е триумфот? Победата ја проголта смртта! (1 Кор 15, 54-55). Впрочем, зошто Бог стана човек и зошто требаше да воскресне? – Не само заради нашата гревовност, туку и заради нашето осветување, за да ги вклучи сите аспекти на нашиот паднат живот во вистинскиот живот, оној што никогаш не знае за смрт (В. Лоски).                    Возљубени чеда во воскреснатиот Бог,Без Црквата, која нашиот Спасител, Господ Исус Христос, ја плати со Својата пречиста Крв – нема христијанство! Таа заедница на личности, обединети со верата во Бога, на луѓе што живеат во Него и со Него, е единствениот чувар и проповедник на Вистината. Таа е просторот каде што сите сме едно, без разлика на возраст, статус и народност, простор каде што цел за секого е светоста, односно растењето по мерата на Христа. А, Црквата е нашата учителка на патот кон Бога. Затоа, таа постојано ни укажува како треба да живееме или, пак, нè опоменува ако сме застраниле од вистината и од човечкото во нас, нудејќи ни го лекот на покајанието. Па, може ли некој да ја замолкне мајката која го поучува своето чедо кое греши? Може ли некој да ѝ забрани да се грижи за него и да го одвраќа од лошите навики и од патот што води во пропаст? Ниеден систем, ниедно уредување не може да ја спречи Црквата да ја спасува секоја човечка душа, почитувајќи ја нејзината слобода, која, преку божественото просветлување, треба да ја доведе до совршено познание на вистината. Затоа, и нашата мајка Православна Црква, постојано ни го покажува патот на спасението и нè води кон Изворот на животот. Тој пат ни најмалку не е лесен, туку е исполнет со постојани искушенија, со маки, со злоба и завист. Но, само со Христа можеме да ги преживееме и надживееме сите страдања под крстот на својот живот. И колку се поголеми страдањата во нас, толку, преку Христа, е поголема и нашата утеха. – Христос воскресна и Неговото воскресение е залогот на нашата победа над страдањата и злото во нас и околу нас!Возљубени духовни чеда, Нашиот македонски православен народ, верен на преданијата што ни ги оставиле светиот апостол Павле, светите рамноапостоли Кирил и Методиј, светите Климент и Наум – Охридските Чудотворци и сите од Бога прославени од нашиот род, достојно низ вековите го чествува овој Празник над празниците. Нашите постари, како ретко кој меѓу народите, вистински ја разбрале смислата на овој спасоносен ден, па затоа и го нарекле – Велигден, објаснувајќи ја суштината и големината на Денот над деновите. Во годината, пак, кога со достојна почит го одбележуваме споменот од блаженото упокојување на големиот духовник и подвижник свети Наум (910 – 2010), да се потсетиме на надвремените вредности што му биле идеал на нашиот Охридски Чудотворец, а кои продолжиле да бидат следени и од многубројни духовници и исповедници во изминатите столетија. Каква духовна големина и светост имаме во нашиот свети Наум, потврдува молитвената почит што му се оддава, не само на неговиот гроб и во неговото светилиште, туку и на сите континенти, до каде што е пренесена почитта кон него. Возљубени чеда на нашата мајка Македонска православна црква,Денес, но и во секој ден од нашиот живот, да ја прославуваме најголемата победа во историјата на човештвото, победата над смртта и гревот, да го славиме воскресението на нашиот Господ – кое е чудо над чудата. Да ја исповедаме и живееме својата православна вера и да ја сакаме и почитуваме својата Црква, која, како најнежна и најгрижлива мајка, нè повикува: Дојдете сите вие, браќа и сестри, кои се плашите од смртта и пристапете кон Христа воскреснатиот и воскресителот, и Тој ќе ве ослободи! Дојдете сите вие што живеете под срамот на своите тајни и јавни гревови, дојдете поблиску до живиот Извор, кој сè омива и очистува! Пристапете и сите вие кои барате здравје, сила, убавина и радост! Еве, воскреснатиот Христос е најбогатиот извор на сето тоа!Испраќајќи ви го нашиот архипастирски благослов, вам, возљубени чеда, овде во Татковината и насекаде до каде што нè има по светот, посакуваме, исполнети со светинаумова кротост, со воскресенска духовна радост и меѓусебна љубов и единство, да ги дочекаме и прославиме велигденските празнувања. Пред нас е воскреснатиот Спасител и во Него е нашата бесмртност. Стани ти што спиеш и воскресни од мртвите и Христос ќе те осветли, ни порачува светиот апостол Павле (Еф. 5, 14).  Радоста на жените мироносоци, на апостолите и сите што се радуваа на празниот Христов гроб, нека биде и ваша радост. Амин!Христос воскресе! Архиепископ Охридски и Македонски† Стефанзаедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна цркваКирил – Митрополит Полошко – кумановскиПетар – Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландскиТимотеј – Митрополит Дебарско – кичевскиНаум – Митрополит СтрумичкиАгатангел – Митрополит ПовардарскиМетодиј – Митрополит Американско – канадскиПимен – Митрополит ЕвропскиИларион – Митрополит БрегалничкиГоразд – поранешен Митрополит ЕвропскиКлимент – Епископ ХераклејскиНа Воскресение Христово – Велигден, 2010-то лето Господово



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Објавено пред

Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело.

dobivaj vesti na viber

Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.

Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.

Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал“.

Според него, каде има чад, има и оган.

„Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“.

Го повика ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Македонија на чекор до историски трговски договор со САД, рече Стојаноски

Објавено пред

Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со Соединетите Американски Држави, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека се работи за „историски успех за македонската Влада и дипломатија“.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Стојаноски, доцна синоќа Белата куќа објавила Заедничка изјава за реципрочна трговија помеѓу САД и Македонија, со која се најавува рамка за договор со царински тарифи до 15%, а за одредени производи и 0%.

„Се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии и производи царинските тарифи ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.

Според него, ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и економската соработка меѓу двете држави. Договорот, како што рече, на македонските компании ќе им обезбеди конкурентска предност, регулаторна сигурност, предвидливост и посилна позиција на американскиот пазар.

„Во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а се испраќа и сигнал за политичка и економска стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Стојаноски истакна дека документот е доказ за неоснованоста на критиките од СДСМ дека Владата нема надворешен план или визија. Целта на Владата, рече тој, е повеќе извоз, инвестиции и добро платени работни места дома.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Радикално кратење на земјоделските субвенции, десничарската ДПМНЕ покажува дека не и требаат земјоделци

Објавено пред

Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на владата, сведоци сме дека оваа таканаречена програма не нуди ни унапредување ни поддршка, а ни развој на домашното земјоделско производство на храна, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

Ова, како што додаваат, е уште една капка која веќе ја прелива чашата на неиздржливост, која радикално десничарската реакционерна партија ДПМНЕ, им ја сервираше на македонските земјоделци во овие неполни две години власт.

„Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони евра, од 140 на 100 милиони евра, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.

И оваа е уште една од вестите за катастрофата што и се случува на нашата земја и домашното производство на храна, после веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарди евра, односно, околу 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари кои наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт“.

Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците кои од чесни производители на храна, оваа влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме, истакнуваат од Левица, на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и судбината во свои раце.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 часа

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија2 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион3 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија4 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија4 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет4 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион15 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија15 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет18 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија24 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија24 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...