Македонија
Македонски новинар – најблиску до Пулицеровата награда
Американскиот интернет портал ProPublica, чија што дејност е истражувачко новинарство од јавен интерес, е добитник на Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за текст посветен на евтаназијата на пациенти во болница во Њу Орлеанс за време на ураганот Катрина во 2005-та година
Во серијата текстови која што есента 2009-та се објавени на портал ProPublica работеше и Марко Георгиев, поранешен фотограф на The New York Times. Тој беше единствениот фотограф на The New York Times присутен во Њу Орлеанс, кога по ударот на ураганот Катрина“, се случуваше хуманитарна катастрофа и безредија, кога животот го изгубија околу 1.500 луѓе и речиси 80 отсто од градот беше под вода. Фотографии и сторија на Марко Георгиев се дел од серијата текстови со кои ProPublica конкурираше за добивање на Пулицеровата награда.Георгиев, заедно со новинарот Гордон Расел (добитник на Пулицеровата награда во 2006-та година) биле сведоци на двојно убиство, во кое, била вмешана и полицијата. Георгиев успеал да направи неколку фотографии на кои се гледаат две тела на убиени жители. Полицијата ги забележува двајцата новинари, при што имконфискувала дел од опремата и накратко ги задржале. Сепак, Георгиев, успева да зачува дел од фотографиите, иако му е одземена мемориската картичка од еден од апаратите. Подоцна, тие се објавени на ProPublica и на неколку други медиуми и се еднаод причините за пошироко новинарско истражување во врска со неразрешените смртни случаи во Њу Орлеанс за време на ураганот Катрина. Еден од серијата текстови е годишендобитник на Пулицеровата награда.Текстот во врска со убиството на кое е сведок фотографот Георгиев, може да го видите тука. Марко Георгиев во моментов е Главен и одговорен уредник на Новинската агенција Макфакс во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.
„Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Посакувам празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот.
Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата.
Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа.
Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање.
Да се радуваме што постоиме, да го цениме и да го почитуваме она што го имаме, материјалните и духовните богатства да ги споделиме со другите. Сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност, и благословена и просперитетна иднина.
Бог се јави!“, пишува во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова.

