Македонија
Министерството за земјоделие во контрола на пролетната сеидба
Во пролетната сеидба со житни култури треба да бидат засеани околу 29 илјади хектари во држватва, а од нив повеќе од 13 илјади хектари се во Пелагонија
од Цветанка Ристевска, Битола
Иако сеидбата доцни поради зголемениот водостој на водите на земјоделските површини, сепак активностите се започнати а со цел да ја согледа состојбата во најголемата житница во државата, заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство денеска излезе на терен.,,Добар дел од житните култури, на пример пченицата се завршени некаде околу 50 отсот, кај некои житни култури и повеќе. Индустриските култури започнуваат во овој период. Сметам дека нема да има посериозни последици“, рече заменикот министер за земјоделие, Перица Ивановски.Заменик министерот не очекува поголеми последици ниту кај површините кои му припаѓаат на ЗК Пелагонија, каде што штетите од поплавите беа најголеми:,,Со подобрување на временските услови и изборот на подобри сорти, пред се пченица, може да се намали негативниот ефект кој што го има од зголемениот водостој на водите на земјоделските површини“, вели ИвановскиТој и неговите соработници денеска го посетија и семејството Симјановски од Селото Кравари кои речиси три децени се занимаваат со земјоделство. На површина 40 хектари земјиште под наем семејството произведува пченка, од која велат дека може добро да се заработи.,,Кој како ќе се снајде. Јас ги сфатив работите порано и почнав со производство на пченка. Таа е подоходовна, но бара поголема инвестиција“, вели Пеце Симјановски.Неговата сопруга е една од ретките жени трактористи.,,Од 12 години сум на трактор и се занимавам со земјоделие, така и мислам да продолжам“, вели Зора СимјановскаЗа да си ја олесни работата и да престанат условувањата од откупувачите, семејството си обезбеди сушара за пченка која ретко кој во државата ја поседува. Со тоа се одбегнува неоткупувањето на влажното зрно.,,Моментално поседувам сушара за влажна пченка со капацитет од 12 тони која ја набавив од Грција“, вели СимјановскиПриносите кои ги добива семејството се 8 до 12 тони пченка од хектар, а според нив најдобрата откупна цена за килограм пченка е 10 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

