Македонија
Поттикнување на медиумската писменост кај младите

Вештини за користење на медиумите и толкување на медиумските пораки во секојдневниот живот беше тема на проектот „ Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“
Во рамките на проектот беше претставен и Прирачник за наставници за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик.Проектот го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје и Европскиот центар за новинарство на Холандија.Директна целна група на овој проект се наставниците по мајчин јазик од сите основни и средни училишта од Македонија за кои организаторите веќе одржаа дваесетина од 55 предвидени обуки.Спроведена е и анонимна анкета на 168 ученици во прва година од СУГС „Георги Димитров“ од кои 108 читаат дневни весници а 67 ги следат додатоците за деца. Дека во весниците нема теми за младите мислат 73 тинејџери.Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Симоне Филипини оцени дека во државава има средна слобода на медиумите и дека треба да ги поттикнеме родителите и училиштата да ја развијат способноста на младите да ги разбираат информациите и вистински да ги оценуваат и критикуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).