Македонија
Да и помогнеме на Бисера

Бисера Лакинска (31 година), боледува од малигната болест Акутна Миелоидна Леукемија.
Taa моментално e на лекување со цитостатска терапија на Хематолошката клиника во Скопје. Сепак, единствена можност за комплетно излекување на болеста е трансплантација на коскена срцевина. Заради високата ризичност на нејзината болест и потребата од изнаоѓање на не-сроден дарител, оваа интервенција ќе биде потребно да се изведе во некој од центрите за трансплантација во Европа. Трошоците за оваа интервенција изнесуваат од 200.000 до 250.000 евра.По смртта на нејзините родители пред четири години, од поблиското семејство и останала само сестра и Калина. Доколку сте во можност да и помогнете, Ве молиме Вашите ценети донации за нејзиното лекување да ги уплатите на доленаведените сметки:ДенарскаЦел на дознака: донација за лекувањеПримач: Бисера Лакинска – хуманитарна сметкаБанка на примач: НЛБ Тутунска Банка А.Д. СкопјеСметка број: 210-700000590090ДевизнаЦел на дознака: донација за лекувањеПримач: Бисера Лакинска – хуманитарна сметкаIBAN: МК07210500004316064SWIF: TUTNMK22Банка: НЛБ Тутунска Банка А.Д. Скопје (Адреса: Водњанска бр. 1)Со почит и благодарност,Калина ЛакинскаКонтакт: [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кочани, нагласи дека во изминатата година неговата борба била насочена кон суштински промени во судството, институциите, за темелни реформи.
„И затоа, во изминатата година, се борев за вистинска, искрена реформска промена на оваа држава. Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да ја турнеме оваа земја напред кон ЕУ затоа што само така, верувајте, можеме од корен да ги смениме работите”, порача д-р Филипче.
Лидерот на СДСМ посочи дека и покрај потешкотиите и недостигот на политичка волја кај дел од лидерите, останува посветен на идејата за национално обединување околу реформите.
„На моменти се понижував и одев да разговарам со сите лидери за да им објаснам дека е важно да направиме национално обединување околу реформите, околу патот напред. Затоа што знам дека само тоа е решението за сите идни генерации. Но не прифатија. И ме исмејуваа дека сум бил наивен”, рече д-р Филипче.
Тој порача дека вербата во промените не е наивност, туку одраз на искрено лидерство, нагласувајќи дека реформите, чесноста и одговорноста се единствената патека што ќе обезбеди стабилна, праведна и европска иднина за сите граѓани.
„Но не е наивност искрено да веруваш во промени. Искрено да се бориш за нив. Не е наивно да подаваш рака за реформи и да не калкулираш. Да поднесуваш документи со кои се решаваат децениски застои и блокади. Тоа не е наивност. Тоа е лидерство”, заклучи д-р Филипче.
Тој додаде дека единствениот пат напред за државата е преку вистински и темелни реформи кои ќе го променат системот од корен.
„Наназад не можеме да ги смениме работите, но можеме да извлечеме поуки и да го смениме системот. Да ја смениме иднината”, рече д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“, која се одржа во Кочани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Вренето во наредните денови
Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Македонија
Делови од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош)