Контакт

Македонија

Се работи на прочистување на Избирачкиот список

Објавено пред

По последните укажувања од ОДИХР и ОБСЕ, Владата презеде низа активности за прочистување на избирачкиот список и планирано е до 31 октомври годинава да се заврши процесот, рече денеска во Скопје министерот за правда Михајло Маневски

dobivaj vesti na viber

Извршена е проверка на можни дупли записи на матичните броеви, на државјани кои починале во странство, податоците за починати лица во болниците во Македонија и проверка на податоците во избирачкиот список.Врз основа на податоците изготвени од Државниот завод за статистика и МВР направена е проверка и утврдени се 1.123 дупли записи. Управата за водење матични книги при Министерството за правда заедно со МВР е задолжена до 31 октомври 2010 г. да изврши увид во податоците на матичните книги на родени и умрени лица во сите општини за периодот од 1980 до 2010 г.,  откако во пилот општините Гостивар и Виница е констатирано дека во Избирачкиот список има одредена бројка починати лица.  Оваа одлука, како што речеминистерот за правда Михајло Маневски, Владата ја донела откако се констатирало дека во Гостивар не е евидентирана смртта на 253 лица, а за 363 се утврдени несовпаѓања на податоците. Во Виница 13 умрени лица не се запишани, а евиденцијата за десет лица не се совпаѓа. Проверка е извршена и за државјани на Македонија коишто починале во странство. Од 27 дипломатско конзуларни претставништва и преку МНР добиени се податоци за вкупно 2.361 државјанин од 2000 до 2009 г. и утврдено е дека 1.338 државјани биле евидентирани за починати.Извршена е и проверка на податоци за починати лица во болничките установи во Македонија во 2006, 2007 и 2008 г. и од министерството за здравство добиени се податоци за 8.937 починати лица, од кои 6.754 се запишани во матичната книга на умрени, а 2.183 лица кои имаат пријавено погрешен матичен број не можат да се идентификуваат и се прават дополнителни проверки.Министерот Маневски рече дека е извршена и проверка на податоци во Избирачкиот список и дека од вкупно 2.046.268 државјани, во избирачкиот список се запишани 1.792.000 избирачи.На прашањето дали ова значи дека Владата се подготвува за предвремени избори, претседателот на ДИК, Александар Новаковски одговори дека комисијата е спремна за спроведување на избори без разлика дали тие ќе бидат предвремени или регуларни.Од 15 март до 15 април 2010 г. извршена е непосредна проверка на 80.830 лица од вкупно 134.699 кои, според податоците на МВР од март 2009 година, биле евидентирани во Избирачкиот список но не и дека поседуваат важечка патна исправа или лична карта. Утврдено е дека 49.981 живеат на адресата на која што се евидентирани во Избирачкиот список, но немаат документи, 16.771 лице дека се наоѓаат во странство според сознанијата од роднини и соседи, 10.817 лица биле иселени но непознато е каде, 2.270 лица имале почнато постапка за вадење документи, а 1.034 лица биле починати.  Во проверките се констатирани и дупли записи на единствени матични броеви, а иницирана е и проверка на бројот на починатите македонски државјани во странство и во болнички услови.Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не коментираше колку вкупно имиња на починати лица има во Избирачкиот спиок, но посочи дека станува збор за обемна и комплексна операција и оти сите починати лица ќе бидат избришани од него.Според податоците од мај 2010 година во регистарот на население на Република Македонија се запишани два милиони 22 илјади и 547 жители, во регистарот на државјани два милиони 406 илјади и 268 лица. Полнолетни државјани се еден милион 878.297 лица, додека малолетни се 527.971 лице. Во Избирачкиот список се запишани еден милион 792 илјади избирачи. Разликата меѓу бројот на население и државјаните, Јанкуловска го објаснува со фактот дека лицата кои недостасуваат не се попишани бидејќи не биле во Република Македонија за време на пописот или физички биле отсутни кога се вршела постапката. Според Јанкулоска, процентот гласачи во државата е во вообичаени рамки.Министерот за правда Маневски информираше дека многу скоро ќе бидат објавени новите измени на Изборниот законик, во кои се опфатени и решенијата за гласање на дијаспората, изготвени користејќи ги искуствата од земјите каде веќе има вакво гласање. Јанкуловска рече дека ќе бидат упатени јавни повици до лицата кои не живеат во Македонија да ги ажурираат своите граѓански статуси. Исто така се повикуваат граѓаните кои не живеат во Македонија повеќе од три месеци исто така да го одјават својот престој од земјата.За што посеопфатно ажурирање на Избирачките списоци, Владата побарала дипломатско-конзуларните претставништва да ги ажурираат податоците за умрените македонски државјани во странство и да праќаат копии од нивните изводи, Министерството за транспорт и врски да подготви измени на Законот за гробишта и погреби, така што да не може да се изврши погреб без документи, и тоа да биде казниво.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник

Објавено пред

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

dobivaj vesti na viber

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Проштална средба на министерот Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски со амбасадорката Агелер

Објавено пред

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот, Сашко Лафчиски остварија проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер на која присуствуваше и одбранбеното аташе, Даниел Скваерс.

dobivaj vesti na viber

За време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиов период соработката со амбасадорката Агелер и амбасадата на САД беше на одлично ниво, благодарение на кое стратешкото партнерство кое го имаат нашите две земји во континуитет се унапредува. По повод завршување на мандатот на амбасадорката Агелер, Мисајловски изрази благодарност за нејзината професионална поддршка, искрена посветеност и личен ангажман што придонесе за продлабочување на нашето меѓусебно разбирање и пријателство и даде дополнителен импулс во градењето на ова важно партнерство и ѝ посака успех и лично исполнување во натамошната кариера.

Мисајловски додаде дека од особена важност е улогата и континуираната поддршка од САД за развој на одбранбените капацитети кои се столбот на мирот и безбедноста на државата, но и на поширокиот регион што претставуваат дополнителна придобивка за воспоставениот имиџ на Министерството за одбрана и на македонската Армија во рамките на НАТО Алијансата и пошироко.

Началникот на Генералштабот генералот Лафчиски изрази искрена благодарност до амбасадорката Агелер, истакнувајќи дека значителен дел од зацртаните цели во билатералната одбранбена соработка успешно се реализирани за време на нејзиниот мандат. Генералот ја потенцираше и одличната соработка меѓу Армијата и Вооружените сили на САД, која се реализира преку бројни програми за поддршка во различни области на одбраната кои придонесуваат за зајакнување на интероперабилноста помеѓу двете армии.

„Еден од најголемите дарови во животот е кога ќе имаш можност да работиш со луѓе кои не само што ти се допаѓаат, туку и кои искрено ги почитуваш и од кои учиш. Сакам да нагласам дека со министерот Мисајловски и началникот Лафчиски и со сите ваши соработници имавме можност да работиме заедно на прашања кои значат, на прашања кои значат за НАТО и за регионот и јас ви се заблагодарувам на сите за поддршката за време на мојот мандат“, нагласи амбасадорката Агелер.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) „Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Огњеновиќ

Објавено пред

„Скандалот што го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО која од општините добила 51 тендер вредни 16 милиони евра има и друга позадина која денеска ја откриваме. Станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“ и за нејзиниот сопственик, извесен Петар Доновски кој е член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, на Избирачко место 2680 во Општина Аеродром. По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник. Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание? Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери“, рече Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ, на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека ако ова не е конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на тендерите тогаш што е?

„Но овој скандал открива и нешто друго. А тоа е поврзаноста на тендерите со избирачкиот процес. Уште еден доказ зошто Техничката влада мора да остане. Ако некој што бил во избирачки одбор именуван од ВМРО-ДПМНЕ добива милионски тендери, може да замислите на што би личеле избори без контролни механизми од опозицијата? Затоа не сакаат опозицијата да учествува во техничката влада, затоа што не сакаат да бидеме сведоци на криминалот и корупцијата“, рече Огњеновиќ.

„Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме“, изјави Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија2 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија2 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија5 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет6 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет7 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија7 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет15 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа15 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија19 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа19 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет20 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет20 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија20 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија22 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија24 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...