Македонија
ССМ: Економската криза да не премине во социјална
Скратување на работното време, субвенционирање од страна на државата во случај на принудни одмори, исплата на работниците од Буџетот, се дел од антикризните мерки кои ги предлага синдикатите веднаш ќе ги достави до Владата и организацијата на работодавачи
Овие мерки Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги предложува со цел економската криза да не стане социјална криза.„Почитување во целост на меѓународните стандарди на работничките права во контекст на прекин на работниот однос по основ на деловни причини или стечај и во овој дел доколку тоа се случува предлагаме намалување на работното време од 40 на 32 или 36 работни часа неделна, со тоа што остатокот во делот на овој наш предлог да биде субвенциониран од страна на државата. Ова да биде проследено со програми за едукација односно преквалификација за сите оние работници кои ќе се најдат под удар на овие одредби или во случај на активирање на принудни одмори. Во тој случај од 30 до 50 отсто од исплата на ваквите работници да оди од страна на државниот буџет со активирање и отворање на можност и за обуки и преквалификација на тие работници, а средствата за овие намени да се компензираат од посебни фондови финансирани со помош од ЕУ фондовите“ ,изјави в.д. претседателот на ССМ, Живко Митрески.Освен ова, ССМ предлага спроведување на четирите пакети на антикризни мерки од страна на сите субјекти, дополнителни мерки за подобрување на инвестиционата клима во државата, поддршка преку субвенционирање за зачувување на работните места во секторите на економијата посебно во производството на метали, текстилната индустрија, градежништвото, земјоделието и други гранки, создавање на услови за утврдување на минимална плата.За Митрески, Македонија се уште не го достигнала дното, но овие мерки не се непотребни.„Не мислам дека сме на дното и не мислам дека овие мерки се непотребни. Напротив сметам дека кризата која го има зафатено цел свет и цела Европа може да има и продолжено траење. Овие мерки се со цел да обезбедиме да нема дополнителни посериозни дефекти“, вели Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.