Македонија
Вонредна седница в сабота за разрешување на Вељановски

На денешната координација кај претседателот на Собранието, Вељановски, на која требаше да се разговара за формирање анкетна комисија, СДСМ достави предлог-одлука за разрешување на првиот парламентарец, по што Вељановски закажа вонредна седница за в сабота, на која ќе се гласа за негова доверба
Претседателот Трајко Вељановски денеска информираше дека СДСМ до него ја доставило предлог-одлуката по што тој ги откажа седниците за денеска и утре, бидејќи, како што рече, се работи за легитимитетот на првиот човек на Собранието.Во врска со собранискиот инцидент, што се случи на први јули, Вељановски информираше дека презел мерки: јавно укажување до пратениците и сите надворешни лица на МВР кои беа поврзани со настанот да го почитуваат достоинството и угледот на Собранието; барање и наложување безпоговорно да се почитува интегритетот на пратениците, но истовремено интегритетот на сите лица кои работат во Собранието или на надворешни лица кои имаат службени активности поврзани со Собранието; да се допрецизира и упатство за прецизирање на Правилникот за внатрешниот ред; повик до координаторите на пратеничките групи да се обратат пред јавноста и да ги афирмираат вредностите на достоинство и интегритет на институцијата Собрание; формирање анкетна комисија по терк на веќе формирани анкетни комисии, кои биле изгласани со консензус.За разрешување на претседателот Трајко Велјановски, Собранието ќе расправа во сабота, 10 јули, а за изгласување на недоверба потребни се 61 глас „за“.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се против предлог-одлуката на СДСМ и дека тие истата нема да ја поддржат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.