Контакт

Македонија

Груевски: За напредок на Македонија треба да се залагаат сите фактори во земјата

Објавено пред

Да се послуша гласот на борците од НОБ кои во манифестот на АСНОМ говореа за зачување на сите вредности остварени со досегашната борба и мобилизирајќи ги сите сили за напредок на наѓата држава, рече премиерот Груевски во обраќањето на свечената академија по повод 11-ти Октомври

dobivaj vesti na viber

Прмиерот Никола Груевски на свечената академија којашто во понеделник навечер се одржа во Домот на АРМ по повод празникот 11 Октомври – Денот на македонското востание, пред високи државни функционери и членови на дипломатскиот кор иако според него има „простор за различни концепти, политички стратегии, несогласувања и разлики, нагласи дека граѓаните на Македонија имаат „заеднички фронт кој мора заеднички да се држи“, „Напредокот во сите полиња мора да биде помогнат од сите политички фактори, целокупната стручна и научна јавност и сите општествено политички чинители“, посочи премиерот Груевски. Како што наведе Груевски, со денешната прослава на 11 Октомври, Македонија го прославува големото дело на борците од НОБ.„Нивното движење, нивната борба и сплотеноста се одличен пример дека никој неможе  да ги води нашите битки освен ние самите и дека слободата тогаш, а денес развојот, обединувањето,  сплотеноста правдата , борбата за подобар стандард и подобри  услови за живот, одржувањето на меѓуетничките соживот и толеранција,  целите и активностите да станеме дел од ЕУ и НАТО, да го зголемиме нивото на образование,  мора да бидат извојувани, а никако подарени“, рече Груевски.Тој порача дека достоинството на Македонија за кое се воделе битки и се дигале востанија во минатото денес треба да се негуваат како најголемо богатство.„Дел од таа активност, е и наоѓањето решение за спорот што го отвори нашиот  јужен сосед, кое решение не смее да го урне нашето достоинство за кое се воделе и битки и се дигале востанија. Тоа прашање  и натаму останува предизвик за кој активно ќе бараме решение“, рече Груевски. Меѓу другото, во вечерашниов говор премиерот Груевски се осврна на најавените партиски востанија во државата за кои оцени дека се добри за македонската демократија, но според него тоа траба да претставуваат „востанија на концепти,  на стратегии, на напредок, а не на скриени сценарија и раздор“.  „ Да се натпреваруваме во идеи, во пректи, да дигнеме востание при интелектуален, вредносен и морален напредок. Подготовките за едно такво наше востание се веќе почнати, ориентирите се веќе поставени и Македонија се движи по нив. Развојот, подобрувањето на стандардот и растот на економијата останува приоритет и покрај светската економска криза“, нагласи Груевски. Во својот празничен говор во Домот на АРМ вечерва, премиерот Груевски се наврати на постигнатите економските резултати на земјата во услови на светската економска криза,  при што повтори дека Македонија ја минала со помалку штета. „Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО,  и покрај блокадите остануават стратешки приоритети. Но, и покрај  недокрај оставрената цел заради наметнатата блокада од нашиот јужен сосед продолжуваме со реформите и модернизацијата на земјата. И оваа  година направивме напредок во речисии сите полиња кој очекувам  соодветно да биде валоризиран во следниот извештај на ЕУ кој го очекуваме наскоро. На тој пат продилжуваме се до целосно и полноправно членство и на тој пат  рационално, хумано, човечки и културолошки исправно е да се седнеме на масата со нашите пријатели како Македонци“, порача Груевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЦУК: Состојбата по поплавите во Струмица се стабилизра

Објавено пред

Од

Состојбата по поплавите во Струмица се стабилизира, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Од таму, исто така, наведуваат дека до овој момент во РЦУК Скопје нема пристигнато пријави за штети предизвикани од врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи.

Струмички регион
Според информациите од ЕЛС Струмица, состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување.

Поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино поплавени се поголеми површини земјоделско земјиште, пластеници, како и дворови на куќи во с. Муртино. Во текот на денот ангажирани се 5 булдожери, 5 камиони со песок и 1 багер за интервенција на критичните локации.

Пријавено е дека надојдените води од реката Тркања кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од с. Костурино.

Реката Плаваја во с. Подареш е со зголемен водостој. Екипи на ЕЛС Радовиш и ЈП „Плаваја“ извршиле санација и состојбата е ставена под контрола, без опасност од излевање.

Штипски регион
Поради врнежите од дожд зачестени се одрони и свлечишта на патните правци: Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица. ЈП „Македонија пат“ – регион Исток континуирано интервенира и ги одржува патиштата проодни, со апел за внимателно и прилагодено возење.

Во Штип пријавен е срушен потпорен ѕид на улицата „Љубен Иванов“, при што се оштетени две паркирани возила и е блокирана една сообраќајна лента. По завршување на увидот од СВР Штип ќе се пристапи кон расчистување.

Водостоите на водотеците се зголемени, но се во рамките на коритата и засега нема опасност од излевање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопското Кале ќе прерасне во жива културна сцена на градот, најави Ѓорѓиевски

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата беше нагласена јасната определба на Град Скопје за внимателно, стручно и одговорно приспособување на просторот, со цел Скопското Кале да прерасне во жива културна сцена достапна за граѓаните, уметниците и посетителите, при целосно почитување на историските слоеви, автентичноста и културното наследство.

„Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот. Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство“, вели Ѓорѓиевски.

Низ светот, додава тој,  постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси.

„Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази. Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство. Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија.
Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина“, вели градоначалникот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Објавено пред

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.

Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.

„Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле“, велат од АХВ.

Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата“, додава АХВ.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...

Македонија2 часа

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија2 часа

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...

Македонија3 часа

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија3 часа

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија3 часа

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија4 часа

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија4 часа

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија5 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа7 часа

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...

Свет7 часа

(Видео) Зимската бура ги парализираше САД, стотици илјади без струја, најмалку 30 мртви

Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи...

Свет8 часа

Трамп: Иран сака договор

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на...

Свет8 часа

Британскиот премиер оди во Кина: „Нема да бирам меѓу две страни“

Премиерот Сер Кир Стармер изјави дека нема да биде принуден да „избира помеѓу“ својот однос со САД и со Кина,...

Европа9 часа

Францускиот парламент ја поддржа забраната за социјалните медиуми за лица под 15 години

Националното собрание на Франција во понеделник го поддржа законот со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на...

Регион9 часа

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија...

Македонија20 часа

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија23 часа

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија24 часа

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија24 часа

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија1 ден

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...