Македонија
ДУИ бара Комисијата за лустрација поскоро да се произнесе за трите досиеја
Владејачката албанска ДУИ денеска побара од Комисијата за лустрација што поскоро да се произнесе за досиејата на функционерите со кои наводно се тврди дека соработувале со тајните служби кои што вчера и беа доставени од страна на тетовскиот професор Шпент Љуши.
„Во исто време ги повикуваме сите надлежни институции да се ангажираат да ја докажат релевантноста, веродостојноста и се разбира да дадат одговор што содржат овие досиеја. Да не се дозволи понатамошно манипулирање со процесот на лустрација и најважно од се да не се дозволи процесот на лустрација да стане уличарски процес кој што се спроведува на арогантен начин и уште пострашно процес што се спроведува за политички цели и интереси“, изјави портпаролот на ДУИ, Ермира Мехмети.Дотогаш додаде таа нејзината партија ќе биде апсолутно убедена дека станува збор за една кампања чија цел е дискредитирање на личности, семејства и уништување на човечки животи.„Го велиме ова затоа што фактите го говорат следново – документите вчера беа доставени од лице кое што веќе е кажано и се знае јавно дека има многу блиски роднински врски со нашиот политички опонент ДПА. Документите се чиста фабрикација, како е можно вака релевантни досиеја со толку клучни информации во врска со некаква активност или соработка со тајните служби да слетаат во дворот на некојси чесен граѓанин во Тетово“, рече Мехмети.Мехмети најави дека откако Комисијата за лустрација ќе излезе со свој став за случаите, ќе ги преземат сите мерки за да се разјасни која е личноста што ги доставила документите и од каде стигнале тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на виното со Винодонија 2025
Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од земјата и од странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси.
-Салонот ќе биде винска сцена за споделување на вкусови, емоции и моменти, идеално место за уживање во најдоброто од виното пред крајот на годината. Со внимателно одбран амбиент, богата програма и вински ритуали што ги слават сетилата, Винодонија 2025 воедно е и покана за достоинствено затворање на годината – со чаша вино во рака и со друштво што знае да препознае вкус и вредност. Со повеќе од 75 вински брендови кои ќе изложат над 500 вински етикети, Винодонија 2025 ветува незаборавно винско патување, најавуваат организаторите.
Интернационалниот карактер на Винодонија 2025 се огледува во присуството на винари и експерти од различни земји, кои ќе ги споделат своите најдобрите вина и најнови трендови во светското винарство. Оваа година, покрај македонските вина кои ја раскажуваат приказната на нашите лозја, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и врвни вина од регионот и пошироко.
Водечкиот карактер на Винодонија 2025 ќе дојде до израз и преку едукативните работилници и предавања. Еминентни експерти од винската индустрија ќе споделат свои знаења на специјални мастер-клас дегустации и интерактивни сесии, кои се наменети за сите – од искусни вински познавачи до оние кои сакаат да ја продлабочат својата љубов и разбирање за виното.
Македонија
Магла кај Ресен и Удово, видливоста е намалена
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Скопје утрово пак е покриено со магла, денес променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

