Македонија
Нереди во Тетово, четворица полицајци лесно повредени

Четворица полицајци се лесно повредени, оштетени се околу 15 продавници и неколку возила, во немирите што настанале по фудбалскиот натпревар меѓу двата тетовски фудбалски клуба Тетекс и Шкендија, соопшти СВР Тетово.
По натпреварот, на кој победил фудбалскиот клуб Тетекс навивачите на Шкендија-Балистите се упатиле кон трибината каде што се наоѓале тетовските фанови.Откако полицајци ги спречиле, Балистите почнале да фрлаат камења кон нив.
Полицајците ги растерале навивачите, кои се разбегале кон околните улици,при што оштетиле неколку продавници на улицата „Иво Лола Рибар“и неколку возила.
Како што соопштуваат од СВР Тетово, моментално ситуацијата е мирна. Ова не е прв инцидент на оваа навивачка група. Припадници на навивачката група „Балисти“, минатиот месец, на фудбалскиот натпревар Напредок – Шкендија во Кичево, на полувремето од јарболите го симнаа македонското знаме и го фрлија на земја, а на нивно место ставија албанско знаме./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела година и половина, а носењето на одлуката се оддолжило поради тоа што таа не доаѓала на закажаните расправи. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, кажа дека несовесното работење е поврзано со примената на АКМИС-системот.
„Нашата одлука да се разреши од функцијата судијка во судот, поради повредата на одредбите од судскиот деловник, во однос на примената на АКМИС системот. Подетално за предметот не можам да кажам, бидејќи мора да ја почитуваме пресумцијата на невиност. Кога одлуката ќе стане правосилна, ќе објавиме и во Службен весник. Судијата е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката против судијата се водеше околу година и половина, една причините за тоа е што конкретниот судија не доаѓаше на закажаните расправи. Нестручното работење е утврдено за период од пред две до три години“, рече претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.
Судијката Татјана Михајлова ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Кривичниот суд од 5 декември 2016 година, откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски мандатот му истече на 4 декември, но повторно се кандидираше за истата позиција. Таа во 2018 година поднесе оставка од функцијата.
Михајлова беше судијка во предметот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство. Откако беше прераспределена во друг оддел на судот, предметот се судеше одново. Таа беше и истражен судија во случајот „Ликвидација“, каде меѓу другите, осуден на четири и пол години затвор беше и новинарот Томислав Кежаровски.
Македонија
Нови сообраќајни знаци во близина на градинките и училиштата во Центар

Во Центар продолжуваат активностите за заменување на старата и оштетена вертикална сообраќајна сигнализација на улиците што се под надлежност на оваа скопска општина.
Денеска, општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата Тасино Чешмиче, во зона на детската градинка „Кочо Рацин“ – објект „Панорама“.
Деновиве поставени се нови сообраќајни знаци и на други улици во зони на основни училишта и градинки, и тоа на „Мирче Ацев“, во непосредна близина на ОУ „11 Октомври“, на улицата Стив Наумов, во близина на детската градинка „Р. Ј. Корчагин“ – објект „Пепелашка“ и на улиците 29 Ноември и Радњанска, во близина на ОУ „Коле Неделковски“.
Од Општината нагласуваат дека со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата што престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта.
Македонија
(Видео) Мисајловски: Дали тајната смена на член на Комисијата е притисок врз другите да ги прифатат историските невистини?

Премиерот Зоран Заев должи одговори зошто е сменет член на историската Комисија, посочи денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој јавно запраша дали со тоа се прави директен притисок и врз другите членови за прифаќање на, како што рече, историските невистини и дали премиеорт сака од Комисијата, наместо историски орган, да направи политички орган.
„Владата и Заев да одговорат дали тајната смена на членот на историската Комисија не е притисок врз одлучувањето и увертира во ново попуштање на сметка на интересите на Македонија. Зошто се крие смената на членот на Комисијата. Историјата е јасна. Науката е јасна. Чепкање во македонскиот идентитет, јазик и историја не смее да има“, порача партискиот потпретседател.
Мисајловски воедно потсети на изјавата на бугарскиот министер Каракачанов дека во игра бил анекс на постојниот договор од 12 точки и рече дека до денес нема информации за демант на македонската Влада додавајќи дека врз осова на тоа може да се заклучи оти Заев преговара за анекс на договорот во кој се вклучени елементи од нашиот идентитет, историја и јазик.
На крајот, потпретседателот на опозициската партија порача дека историските комисии треба да преговараат необременети од политички притисоци, а идентитетските обележја не смеат да бидат на маса на преговори.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира