Контакт

Македонија

По седумдневни активности Карпош наполни 34 години

Објавено пред

По бројните активности како ликовни колонии, презентација на рачни изработки, цветни дефилеа, крводарителски акции, општината Карпош вечерва го прослави својот 34 роденден во новата општинска зграда во Нерези.

Градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски, рече дека го исполнил ветувањето кое го дал  минатата година дека ќе работи на проекти кои не се само фарса и помпа, туку големи финансиски инвестиции, кои по својата вредност се поголеми од некои во државата, другите општини или Градот Скопје.

„Колегите градоначалници честопати ми велат- Стевчо, тебе ти е лесно, во Карпош се е урбанизирано и нема што да се работи. Им велам дека тоа не е точно и дека во Карпош има многу проблеми кои треба да се решат, само е потребно да сте човек кој сака да работи. Тогаш има работа колку сакаш, таков сум“, рече Јакимовски.

Градоначалникот додаде дека во изминатава година, како што лани вети дека ќе дава отчет на секој роденден, реализирал повеќе од 200 различни проекти, од асфалтирање на улици до атмосферска и фекална канализација, преку изградба на паркинзи, патеки и реконструкција на основни училишта.

Свечената манифестација се одржа во новата општинска зграда во Нерези, каде присуствуваше и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, амбасадори и дипломати, како и општинските советници, советниците на СДСМ во градската управа и други политичари од истоимената политичка партија.

Градоначалникот Јакимовски, за својата успешна работа од жителите, месната заедница, културните друштва во Нерези доби неколку плакети и благодарници преку кои му беше искажана почитта и довербата која ја има од жителите на Карпош.

Прославувањето на роденденот продолжува во спортската сала „Форца“ со концертот на Влатко Стефановски и Бајага со Инструктори./крај/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Груби-Абазовиќ: Односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора се одлични

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На оваа средба и двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Во рамки на состанокот, како одлична беше оценета соработката меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора.

Груби му честиташе на неговиот колега од Црна Гора, Дритан Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора.

Груби исто така му соопшти на својот колега Абазовиќ дека Северна Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.

Од негова страна, вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ му кажа на Груби дека Република Северна Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја. Абазовиќ вели дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка.

Груби и Абазовиќ за време на оваа онлајн средба се согласија дека полноправното членство на Северна Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворен угостителски објект во Тетовско поради непочитување на работното време

Објавено пред

Полициски службеници и Државниот пазарен инспекторат вчера извршиле контрола по угостителски објекти во врска со ,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот, информираат од полицијата.

Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци во еден ден

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.

Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на црвено светло, 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија2 часа

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Македонија2 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 283 лица...

Свет3 часа

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија3 часа

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија3 часа

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет19 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт19 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија20 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет21 час

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија23 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет23 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија23 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ1 ден

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија1 ден

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија1 ден

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа1 ден

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет1 ден

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион1 ден

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет1 ден

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Досие