Македонија
Амнести интернешнал: Владата да признае за затворањето на Ел-Масри

Во најновиот извештај на Амнести Интернешнал ја повикува македонската влада да ги изведе пред лицето на правдата сите кои се сметаат за одговорни за како што велат „незаконското затворање на германскиот државјанин Калед ел Масри, и неговото незаконско предавање на американските власти“
Македонија е една од осумте европски земји кои се наведени во најновиот извештај на Амнести Интернешнал – „Отворена тајна: Доказите за европското соучество во пренесувањето и тајното притворање“.Во извештајот се наведени најновите докази за вмешаност на европски земји во програмите на ЦИА за незаконско пренесување и тајно затворање кои беа спроведени како последица на нападите во САД на 11 септември 2001 г., соопштуваат од Амнести интернешнал.Македонските власти се обвинети за помагање при незаконско затворање, лош третман и понатамошно пренесување во Авганистан, предводено од ЦИА, на германскиот државјанин Калед ел Масри, кој беше уапсен на македонско – српската граница во 2003 г., и 23 дена држен во хотел во Скопје, пред да им биде предаден на американските власти. Потоа бил префрлен во Авганистан, каде, како што тврди, бил малтретиран и лошо третиран.Амнести Интернешнал смета дека ниту една земја не треба да бега од одговорноста за нејзината вмешаност во незаконските префрлувања, присилните исчезнувања, мачења и тајните затворања кои се случија при спроведувањето на операциите од страна на ЦИА. „Владата на Македонија има обврска кон човековите права да овозможи своја целосна одговорност за овие наводни прекршоци,“ велат од таму.Во 2009 г. Калед ел Масри поднесе пријава против Македонија пред Европскиот суд за човекови права, за улогата на Владата во неговото незаконско грабнување, затворање, лош третман и предавање со ризик дека може да биде измачуван. Во октомври 2010 година, Судот ја предаде пријавата на Калед ел Масри на македонската влада, барајќи одговор од неа. Властите не одговорија на претходните кривични и граѓански пријави поднесени од страна на Калед ел Масри пред македонските судови, велат од Амнести интернешнл.Ова е прв случај кој ќе биде разгледуван од страна на Европскиот суд за човекови права, а кој се однесува на земја членка на Советот на Европа обвинета за вмешаност во програмите на ЦИА. Македонија и натаму одрекува дека нејзините агенти дејствувале спротивно на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влажни коловози со кашест снег, снег на Попова Шапка, Маврово и Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека врнежите се од дожд и снег.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Димитров и Османи во работна посета на Брисел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, од денеска ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе имаат средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ.
Во рамки на посетата предвидени се средби и со претставници на институциите на ЕУ, а на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува истиот ден, планирани се и билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.
Македонија
Училиштето во Стајковци ќе добие нова спортска сала

Со спортските сали во училиштата во Стајковци, Страчинци и Булачани, сите основни училишта во Општина Гази Баба добиваат услови за одржување на наставата по физичко како грижа на централната власт и на општината за младите, изјави премиерот, Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и директорката на основното училиште „Кирил и Методиј” во село Стајковци, Анита Ангеловска, направија увид на училиштето каде ќе започне изградба на нова спортска сала.
„Се радуваме на стартот на изградба на спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“. Кога ќе биде завршена само во сеќавање ќе останат деновите кога учениците од ова основно училиште наставата по физичко ја одржуваа во пренаменета училница или надвор, во дворот на училиштето. Со овој капитален проект конечно се решава овој проблем и учениците добиваат спортска сала според сите стандарди“, рече Заев.
Проектот за салата го подготви општината и во својот буџет обезбеди средства за почеток и изградба. Вкупната вредност на инвестицијата за изградба на салата во Стајковци е 17 милиони денари.
Салата е проектирана на површина од 430 метри квадратни со висина од 6,7 метри и во неа ќе може да се игра кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг-понг, гимнастички спортови. Салата располага со две соблекувални и помошен простор.
Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот