Македонија
Трајанов бара лидерска средба
Лидерот Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, го повика претседателот Иванов да свика лидерска средба со цел да се изгради единствена Платформа за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, на која ќе бидат поканети сите парламентарни и вонпарламентарни политички партии
„Сметаме дека секој од нас, но пред се политичките водства, треба да преземат дел од одговорноста за евроатланските интегративни процеси, водејќи сметка за националните и државните интереси на Македонија. Во овој исклучително значаен момент, неопходно е да се расправа за овие прашања и да се сподели одговорноста за иднината на државата, се со цел во наредниот период да престанат меѓусебните обвинувања, а на штета на граѓаните и државата во целина“, изјави Павле Трајанов.Трајанов смета дека на средбата треба да се изгради заеднички став во однос на спорот со името.„Република Македонија е исправена пред многу тежок проблем од чие решавање и решение ќе зависи иднината на сите нас и опстојувањето на македонскиот народ и држава“, истакна Трајанов. Тој уште еднаш предложи на средбата да се разговара за предлогот кој пред една година го понуди за решавање на спорот со името во три фази. „Состојбите се усложнуваат во Македонија. Земјава е во своевидна политичка и економска изолација и сето тоа ќе има негативни рефлексии врз вкупните состојби и политички и безбедносни. Пред се ќе има негативно влијание на економската состојба на социјалните состојби и тоа е единствениот мотив да иницираме ваква лидерска средба“, рече Трајанов. Тој изрази надеж дека претседателот Иванов набрзо ќе се изјасни по иницијативата во која смета дека покрај политичките партии треба да се вклучат и медиумите, невладиниот сектор и бизнис заедницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

