Македонија
Тодоров: Професорите први ги воочиле грешките во учебниците
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров вели дека нема потреба да се известат училиштата за грешките кои беа констатирани во учебниците од страна на супер ревизорите.„Мислам дека нема потреба од тоа. Јас сум во постојана комуникација со училиштата, разговарам со наставниците тие грешки ги имаат воочено уште пред да започнеме со проектот на супервизија“, рече Тодоров.Тој вели дека наставниците нема да дозволат ниту една грешка во учебникот да се провлече како вистинита и да се предава пред учениците.Одговарајќи на новинарско прашање поврзано за инспекциите во универзитетите, тој истакна дека моментално се водат кампањски контроли, но се надева дека во иднина ќе се зголемат капацитетите на државниот инспекторат.„Наредната годината, или таа потоа, сериозно ќе ги зголемиме капацитетите и ќе ги подигнеме капацитетите во држење просек на инспекторатот и ќе можеме паралелно и во континуитет да спроведуваме вакви мерки“, рече министерот.По ревизијата на државниот инспекторат поради неправилности беа затворени два приватни факултети, а ревизија се најави и во државните универзитети и средното образование. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

