Македонија
НД: Со Буџетот за 2011-та продолжува дискриминацијата на Албанците
Нова Демократија (Демокрација е Ре) бара Буџетот за 2011 г. да биде гласан во Собранието според Бадинтеровото правило, затоа што според нејзиниот лидер Имер Селмани со него се вршела буџетска дискриминација врз Албанците.„Актуелната Влада предложи, а пратениците од парламентарното мнозинство се подготвуваат наредните три дена да го бранат и гласаат Буџетот на државата за 2011 г.Овој буџет ќе продолжи да ја изолира уште повеќе државата, овој буџет уште повеќе ќе ги осиромашува нашите граѓани, ќе ги дискриминира граѓаните Албанци, ќе ги цица парите од бизнис секторот, но нема да ги подобри условите за бизнис и отворање на нови работни места.„, рече лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани“Според него, сумата од 2,6 милијарда евра којашто актуелната Влада имала намера да ги троши главно за неразвојни намени јасно, укажува дека нејзин приоритет не е подобрување на стандардот на живеење и отворање нови работни места.„Напротив, Владата и наредната година ќе продолжи во оваа површина од два квадратни километра, да инвестира стотици милиони евра во споменици, фонтани, скулптури и луксузни владини згради, додека жителите на Брест и многу други села немаат патишта, жителите на Гостивар и многу други места немаат филтрирана вода за пиење, жителите на Арачиново се гушат од каналот, многу деца учат во субстандардни услови, а во многу општини недостигаат училишни објекти за средно образование. Над 30 отсто од населението немаат работа и живеат во сиромаштија, а младите дипломираат и немаат работа…“, рече Селмани од плоштадот„ Скендербег“.Тој направи споредба дека во Буџетот биле планирани средства коишто идната година треба да се вложат во економските зони во земјата толку колку што чинел и еден споменик.Лидерот на Нова Демократија пред новинарите рече дека биле одбиени повеќе од 400 амандмани што неговата партија ги предложила повеќе за, како што посочи Селмани, да се подобри состојбата, за училишта, за инфраструктура, за здравството и за културата на Албанците./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
Македонија
Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата.
Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската проверка на законодавството во областа на внатрешните работи, при што беше истакната активната улога на Македонија како потписничка на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба. На средбата беше нагласено дека нашата држава претставува водечки пример и референтна точка за земјите кои сè уште не пристапиле кон овој механизам.
Тошковски ја потенцираше важноста од системски пристап во детектирањето и намалувањето на ризиците од корупција во безбедносниот сектор, како и значењето на регионалната соработка и размената на искуства.
„Борбата против корупцијата е еден од нашите врвни приоритети. Преку зајакнување на интегритетот на институциите, унапредување на законодавната рамка и користење на современи механизми за проценка на ризици, создаваме систем во кој корупцијата станува сè потешка, поскапа и неисплатлива. Поддршката и експертизата на РАИ во овој процес имаат значајна улога, а Министерството за внатрешни работи останува силно посветено на развој на ефикасни и одржливи антикорупциски политики“, истакна Тошковски.
На средбата беа разгледани и конкретни можности за идна соработка преку заеднички активности, обуки и проекти насочени кон јакнење на превентивните и репресивните механизми во справувањето со корупцијата.
Македонија
Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства
Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот овчар Трајко Бојковски од селото малотино, Старо Нагоричане, осомничен дека е серириски убиец. Обвинителството ја прошири истрагата за уште едно кривично дело – убиство, за кое е предвидена казна доживотен затвор, извести денес обвинителот Љубомир Лапе.
Обвинителството веќе обезбеди докази за две убиства и еден обид за убиство со ДНК анализи кои посочуваат кон 25-годишникот, кој е во притвор. Сите жртви се од истиот регион и според Обвинителството, нема докази за сексуално насилство. Дадени се наредби за психијатриско вештачење на осомничениот и сè уште не е утврден мотивот за убиствата.
За расчистување на случајот дадени се наредби на МВР да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци за настаните поврзани со осомничениот кој од СВР Куманово веќе има кривична пријава за две тешки кражби.
Кумановската обвинителка Теута Рамдани потсети дека истрагата за Бојковски почна по пријава од 83- годишна жена која успеала да преживее напад од осомничениот.

