Македонија
Се уште трае распитот пред истражен, еден од приведените пренесен во болница
Во основниот Суд Скопје еден се уште трае распитот на приведените управители на фирмите од Перо Наков.Според информациите, досега исказ пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ имаат дадено половина од приведените.Околу 18 часот еден од приведените со екипа на Брза помош беше пренесен на болница поради влошено здравје.Досега се приведени 16 лица, меѓу кои сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски. Во акцијата која што полицијата ја нарече „Пајажина“ се осомничени вкупно 23 лица, од кои седум лица се недостапни за полицијата.Уапсените се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари. Според органите на прогонот, десет фирми нелегално заработиле околу 18 милиони евра, а со неплаќањето на данок државниот буџет го оштетиле за околу 4 милиони евра.Пред неполн месец телевизијата А1 објави дека полицијата извршила упад во нивните простории без да објасни за што се работи. Главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски изјави дека вработените буквално биле заробени и не им било дозволено да влегуваат и излегуваат од дворот на телевизијата.Од МВР тогаш ги демантираа тврдењата на А1 дека им било оневозможено движењето на вработените. МВР тврдеше дека полицијата не извршила упад во телевизијата и дека не се работи за акција, туку за асистенција на финансиската полиција и на екипа на УЈП кои требало да извршат увид во работењето на фирми на сопственикот Велија Рамковски, кои се наоѓаат на истата адреса со телевизијата А1./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

