Македонија
Многу закони се усогласени со казнената политика
Вкупно 43 закони се целосно усогласени со мерките на казнената политика и наскоро треба да бидат донесени од Собранието, рече во неделата вицепремиерот Владимир Пешевски
Според Владимир Пешевски, 28 закони се во владина постапка, 31 се изменети во одредени сегменти, но не и во делот на казните, поради што ќе бидат вратени во процедура а за 53 законски решенија роковите не се испочитувани. Во тој дел, како што рече вицепремиерот Пешевски, активностите ќе бидат значително интензивирани. Тој рече дека Владата оценила оти на усогласувањето со казнената политика прво треба да подлежат законите со кои и најчесто се казнува. Како што нагласи Пешевски, повеќе од 90 отсто од овие закони веќе биле опфатени со предвидените измениБлаго зголемување на казните ќе има во делот на здравството и животната средина, но паричните казни главно се намалени, и тоа до 50 отсто во законите за работни односи, за трговија, за угостителство и за данок на додадена вредност. Со вкупно 15-те мерки што Владата ги донесе во април минатата година за подобрување на казнената политика, ќе бидат опфатени околу 160 закони. Мерките се поделени во три категории зависно од прекршокот. Кај првата категорија наместо досегашните казни се предвидени укажувања и едукација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

