Македонија
Уставен суд : Фрчкоски доцна се пожали за тужбата од Груевски
Уставниот суд денеска соопшти дека нема да поведе постапка за утврдување на заштита на слободата и мислата поднесена од професорот Љубомир Фрчкоски, поради доцнење во процедурата
Професорот Љубомир Фрчкоски побарал од судот да ја разгледа пресудата со која е осуден за клевета и навреда, а го тужеше премиерот Груевски. Но професорот задоцнил повеќе од една година.Според законската регулатива барањето до Уставниот суд, проф. Љубомир Фрчкоски требало да го достави најдоцна два месеца по добивањето на правосилната пресуда од Апелациониот суд.Пресудата Фрчкоски ја добил во јули 2009, а жалбата до Уставен е доставена во декември 2010 г. Во барањето Фрчкоски навел дека бара заштита на слободата и мислата за што е надлежен Уставниот суд.По околу една година неуспешни обиди за вонсудско помирување, во јули 2008 г. почна судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужеше професорот Љубомир Фрчкоски за клевета, навреда и за омаловажување. Станува збор за колумна на Фрчкоски објавена во Дневник на 4-ти септември 2007 г. со наслов „ОКТА вис-а-ви Кољо дијамантот“, за делот во кој Фрчкоски прашува дали е склучен „штетен договор или договор од глупост и корупција или двете заедно“, обвинувајќи го Груевски за штетен договор како тогашен министер за финансии.Одбраната на Фрчкоски бараше да биде презентиран оригиналот од текстот, затоа што како што наведе одбраната на професорот „можно е да имало редакциски интервенции, односно дека може да недостасувале или да биле додадени неколку зборови“.Сепак правните застапници на Груевски го доставија оригиналот од текстот објавен во Дневник.Во судскиот процес Груевски против Фрчкоски, премиерот бараше надомест на штета од сто илјади евра, односно шест милиони денари, а судската пресуда, во која тој ќе биде огласен за виновен, да биде објавена во сите електронски и печатени медиуми на трошок на Фрчкоски. На крајот беше пресудена отштета во висина од 30 илјади евра, коишто премиерот Никола Груевски ги донира во хуманитерни цели. Тој минатат седмица при поделувањето на новогодишни пакетчиња во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, донираше и компјутери и 10 илјади евра кои тој ги доби како отштета во судскиот спор со Љубомир Фрчкоски. Покрај Домот за деца без родители, по 10 илајди евра ќе добијат и Центарот за деца со церебрална парализа и Домот за доенчиња во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

