Македонија
Думбалоска тврди дека е невина

Лидија Думбалоска, поранешната љубовница на македонскиот амбасадор во Австралија, Перо Стојановски, утрово пред судот во Канбера се изјаснила за невина по обвиненијата за уцена на Стојановски, објави „Канбера тајмс“.
Думбалоска е обвинета дека лани провалила во резиденцијата на македонската амбасада и го украла лап топот на Стојановски, а потоа му побарала 150.00 долари и 40.000 евра за да не објави доверливи информации кои се наоѓале во компјутерот.
Судот во Канбера одлучи поранешната девојка на амбасадорот на Македонија во Австралија, да се брани од слобода со кауција од 10.000 австралиски долари.
Думбалоска е пуштена да се брани од слобода под услов да не контактира со Стојановски, ниту со неговото семејство. Судот го одзел нејзиниот пасош и и забранил да се појавува на аеродроми, пристаништа или слични места од каде може да ја напушти земјата.
Судот во Канбера го одложи судењето за во март и и ја продолжи кауцијата./крај/кт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.