Македонија
Бајруш Сејдиу осуден на 12 години затвор за „Пепел 2“
Бајруш Сејдиу осуден е на 12 години затвор за случајот „Пепел 2“ односно за кривично дело перење пари и насилство.
На кумановскиот тобако бос покрај затворската казна, ќе му биде одземен и целиот имот.
Сејдиу и уште други 13 лица се обвинети за малверзации и стечајни постапки со четирите кумановски фирми „Жито мел“, „КЕН“, „Искра инженеринг“ и за ЗИК „Сточарство“. /крај/кмСледува поширока верзија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.