Македонија
МТСП: Исплатата нa инвалидскиот додаток е извршена
Исплатата на воениот инвалидски додаток е извршена и деновиве корисниците треба да ги добијат средствата, информираат од Министерството за труд и социјална политика, Откако претходно здружението на бранителите „Достоинство“ јавно побара од МТСП исплата на воениот инвалидски додаток
„Исплатата и трансферот на средствата од наша страна е извршен и треба деновиве да стигне до крајните корисници“, велат од МТСП.Претседателот на здружението на припадници на безбедносните сили, Стојанче Ангелов, денеска побара до петок да биде извршена исплата на заостанатиот инвалидски додаток, а во спротивно најави собир пред министерството. Здружението на припадници на безбедносните сили „Достоинство“ денеска од Министерството за труд и социјална политика побара исплата на воениот инвалидски додаток, кој според нив доцни и ја става под знак прашање егзистенцијата на воените инвалиди.Според Стојанче Ангелов, претседател на здружението, со неисплатата на додатокот се засегнати околу 3.000 воени инвалиди и семејства на загинати припадници на безбедносните сили.„Во оваа прилика апелираме до министерот Бајрами најдоцна до петок да извршат исплата на воената инвалиднина и семејната пензија. Во спротивно, ќе бидеме принудени да ги собереме воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите пред министерството за труд и социјална политика“, рече Ангелов.Образложението што припадниците на „Достоинство“ го добиле од МТСП било дека има недостаток на средства, но и дека се ставени на листа за чекање.Од „Достоинство“, исто така, информираат дека до Собранието поднеле иницијатива за измени на Законот за обезбедување на лица и имот, со цел укинување на забраната, според која, припадниците од безбедносните сили две години по завршувањето на службата не можат да полагаат за лиценца за обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

