Македонија
Груевски го повика Црвенковски на брзи и неодложни избори
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот Извршен комитет донесе одлука уште еднаш да го повика лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на брзи и неодложни парламентарни избори.
Доблесно е да прифатиш. Избори ќе имаш веднаш и сега, без одлагање. Ајде на избори да видиме кој е диктатор, а кој не е, која е народна, а која ненародна власт“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обраќајќи му се на Црвенковски.
Груевски посочи дека од условите кои вчера ги постави Црвенковски, може да ги исполни само оние за Изборниот законик и за формирање на работни групи за прочистување на избирачкиот список.
Во врска со другите две барања, за закон за рамномерна распределба на народните пари за владини кампањи на сите медиуми, Груевски посочи дека таков закон не постои во ниту една земја, а за деблокада на сметките од случајот „пајажина“ рече дека тоа е одлука на надлежниот суд.
Доколку СДСМ не одговори на повикот, Груевски рече дека тоа значи дека се избегнуваат изборите.
Тој ги повика социјалдемократите да се вратат во Собранието и заедно да ја донесат одлуката за парламентарни избори.За претседател на Републичкиот изборен штаб како што информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повторно е избран Мартин Протогер./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

