Македонија
Филевски: Подобро јас да загинев, а сите патници да преживееја
„Чувствувам силна болка и изразувам сочувство до роднините на загинатите патници кои настрадаа во потонувањето на бродот „Илинден“, изјави пред Основниот суд во Охрид капетанот Сотир Филевски, првообвинет за несреќата во која животот го загубија 15 бугарски туристи, јавува Охридњус
„Каму јас да загинев, а сите патници на бродот да останаа живи“ рече 24-годишниот заповедник на бродот „Илинден“.Филевски и овластениот претставник на осигурителната компанија Германски Лојд се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Пред судот денеска се појави само првообвинетиот Филевски, додека на Бајиќ со одлука која ја потврди Апелациониот суд му се суди во отсуство.Филевски, кој во истрагата се бранеше со молчење, пред судот истакна дека бродот „Илинден“ го купил во 2003 година од ГП „Трудбеник“ во состојба каква што е до ден денес, со надградена горна палуба, на која како што рече никогаш не му било предочено од овластени лица или институции дека не смее да превезува патници.„Шест години со бродот испловувам и влегувам во пристаништето на 10 метри од Капетанијата, но никогаш не сум бил предупреден да не превезувам патници на горната палуба“ посочи Филевски.Тој истакна дека бродот бил регистриран за 43 патници, а на бродот имало плочка на која пишувало носивост 60 лица. Критичниот ден на бродот имало 53 патници и два члена на екипажот.Капетанот Филевски пред судот изјави дека редовно ја контролирал исправноста на бродот и дека тоа го направил и кобното утро кога најпрвин „Илинден“ испловил на кружна тура, по што со бугарските туристи тргнал за Св. Наум. Половина час по тргнувањето при праволиниско движење поради кинење на сајла, капетанот ја загубил контролата над кормилото, по што бродот најпрвин нагло завртел во десно, настанала паника помеѓу патниците, по што дошло до нагло свртување на пловилото во лево и тоа започнало да тоне.„Се се случи многу брзо и за само 20 секунди бродот тонеше. Време за реакција немаше и јас со морнарот Владо Устијаноски почнавме да фрламе во вода се што плута за да ги спасиме патниците. Владо преку мобилен ги извести бродовите Кристина и Александрија за несреќата кои пловеа во непосредна близина и веднаш дојдоа на местото на настанот каде веќе беа два глисери. Лично спасив 12-13 луѓе и последен ја напуштив водата“ раскажа капетанот Филевски.Тој истакна дека не му е познато зошто потона бродот, кој како што рече, за него бил исправен.Судскиот процес за најголемата бродска несреќа во Македонија продолжува со распит на сведоци.Бродот „Илинден“ потона на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот, кај авто кампот Елешец. Загинаа 15 туристи од Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.
Македонија
Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс
Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.
Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.
Со оваа одлука на Советот на Општината, градоначалникот Влатко Грозданов се овластува по брза постапка да формира работно тело, со цел проектот да биде завршен до 16 март годината кога ќе се наврши една година од трагедијата во дикостеката „Пулс“ во Кочани.

