Македонија
Започна изградбата на катна гаража „Судска палата“
NULL
Со поставување на камен темелник денеска започна изградбата на катна гаража „Судска Палата“ и чини околу 5 милиони евра.Половина од средствата за изградба на гаражата се обезбедени како кредит од банка, а другата половина од средствата треба да се обезбедат од продажбата на деловните простории кои се предвидени во катната гаража.Проектот е на општина Центар, изработен од проектантската куќа Мегарон и предвидува простор за паркирање на 500 паркинг места, со бруто развиена површина од близу 20 илјади метри квадратни, во кои 15 отсто од вкупната површина е деловен простор. Објектот треба да биде готов за 16 месеци.Според градоначалникот на центар Владимир Тодоровиќ на тој начин ќе се обезбедат доволен број паркинг места со голем процент заштеда при изградбата.„Повеќето згради на правосудните органи, зградата на МТВ во која се сместени и други државни институции, Државниот архив, Институтот за Македонски јазик, во чија непосредна близина се паркираат голем број вработени и граѓани ќе бидат во можност да ги користат паркинг услугите. За општина Центар, покрај мостот Око, ова е втора капитална инвестиција во мојот мандат, а следната инвестиција е уште една катна гаража која ќе биде изградена до некогашната зграда на Нова Македонија и која се надеваме дека ќе отпочне оваа пролет“ – рече Тодоровиќ.Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на поставувањето на камен темелникот истакна дека новите катни гаражи кои ќе ги гради Градот, општина Центар и ПУИК , освен што ќе помогнат во проблемите со паркирањето, нивната изградба ќе придонесе и стимулирање на градежниот сектор. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

