Македонија
Прекршочни пријави за 13 учесници во тепачката кај „Чаирчанка“

МВР поднесе 13 прекршочни пријави за учесниците во вчерашната тепачка меѓу две групи основци од училиштата „Лирија“ и „Цветан Димов“, во која еден ученик беше полесно повреден со нож.
Како што информираат од полицијата, седум пријави се поднесени против групата ученици од основното „Цветан Димов“, а шест против учениците од „Лирија“.
Причината поради која настанал инцидентот, официјално е нетрпеливост меѓу двете групи, која била присутна и од претходно. Меѓуетничките причини во овој судир се исклучени бидејќи и двете групи се од албанска националност.
Тепачката се случи вчера околу 9:20 часот на големиот одмор, кога двете групи седмоодделенци и осмоодделенци се судрија кај трговскиот центар „Чаирчанка“.
Во тепачката еден четиринаесетгодишен ученик беше прободен со нож во левата надлактица. Детето беше пренесено во болница каде е констатирано дека станува збор за полесна повреда. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

Времето претплaдне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Денеска и во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“, мавтањето со мапи на „Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој е дециден дека таквите појави треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.
„Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца. И сетоа тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца“, вели Ангелов.
Тој нагласи дека сето ова е штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки вистинското помирување е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни.
Македонија
Владата нема конкретен датум за пристигнувањето на кинеската и руската вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во следните неколку дена би можел точно да каже кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини во земјата.
„Не би сакал да шпекулирам“, рече министерот Филипче, пршан кога овие вакцини ќе ни бидат доставени.
Тој нагласи дека продолжуваат интензивните разговори со производителите.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер