Македонија
Послаб земјотрес во западниот дел од Македонија
Послаб земјотрес, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11:29 часот во Тетово и Дебар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Послаб земјотрес, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11:29 часот во Тетово и Дебар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентарот на земјотресот е лоциран на 110 километри западно од Скопје, во соседна Албанија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани: Буџетот на општина Гостивар за 2025 година е околу 27 милиони евра, најголемиот досега
Општина Гостивар денес одржа јавна дебата за креирање на буџетот за 2025 година. Предлог-Буџетот на општина Гостивар е планирано да биде 27 милиони евра, што претставува најголем буџет во историјата на општината.
„Денес организиравме јавна дебата во врска со буџетот на општина Гостивар за 2025 година, дебата на која сите граѓани, невладини организации и заинтересирани страни можеа да дојдат и да ги споделат своите предлози и идеи за планирањето на буџетот на Општина Гостивар“, изјави Валбон Лимани.
Градоначалникот на Гостивар нагласи дека буџетот за следната година е околу 27 милиони евра, што е најголемиот досега.
„Оваа година буџетот на општината е околу 27 милиони евра, најголемиот буџет досега, и се надеваме дека ќе биде буџет кој ќе го обезбеди развојот на нашиот град, ќе обезбеди средства за животната средина, за развојот на спортот и за сите други области со единствена цел – да го направиме животот на граѓаните на Гостивар подобар“, изјави Лимани.
Македонија
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во село Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Николова: Владата ги става на маргините педагозите и децата со попреченост
Одбивањето на јавната расправа по предложените закони за основно образование, покажува недостиг на транспарентност и отвореност на власта. Одлуките не смеат да се носат зад затворени врати, а оваа Владата не е заинтересирана за критики од страна на јавноста, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната собраниска седница.
Таа се осврна на амандманот предложен од СДСМ по реакциите на Институтот по педагогија при УКИМ и измените на законот за основно образование, каде е оспорена компетентноста на педагозите за реализација на наставниот процес во одделенската настава и продолжениот престој на учениците во основното училиште.
– Досега, во јавноста и во стручната фела не е презентирана ниту една причина зошто педагогот како профил не е соодветен за негова вклученост во наставниот процес и продолжениот престој во основното училиште.
Со ова се оспорува и статусот на педагозите кои веќе се вработени и реализираат настава и продолжен престој во основните училишта. Со овие предложени измени се проблематизираат и одлуките на голем број студенти што се определиле да студираат педагогија. Ваквиот потег со измените и дополнувањето на законот за основно образование значат дискриминација за сите нив, рече Николова.
Таа посочи и на амандманите на СДСМ, со кои се реагираше на законските измени кои се на штета на инклузијата на децата со попреченост во образованието.
– Начинот на организирање на инклузијата кој е предвиден во законските решенија, значи враќање назад речиси една деценија. Сето она што е вложено во напредокот на овој процес, само со една интервенција во Законот за основно образование ќе предизвика штета која долгорочно ќе ја чувствуваат децата со попреченост. Овие измени може да значат повторно враќање во специјализираните училишта и оставање на децата со попреченост на маргините на општеството.
Наместо подигање на свест за овие сензитивни прашања, Владата одлучува да постапи со непопуларни мерки кои го уназадуваат целиот процес, потенцираше пратеничката на СДСМ.
Николова се осврна и на амандманите кои ги предложи СДСМ, а Владата и мнозинството во комисијата го одбија, а се однесуваа на вработувањето на образовните асистенти на неопределено време.
Во амандманската расправа се реагираше и на законските измени со кои се бришат термините род, родова еднаквост, родовиот идентитет како дискриминаторски основи.
– Тоа не е во согласност со одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, а исто така претставува и повреда на одредби од Уставот, како и на меѓународните конвенции кои ги имаме ратификувано. Таму каде децата треба да се чувствуваат најбезбедно, таму каде треба да им е понудена заштита од насилство и дискриминација, таму со овие измени се праќа јасна порака дека институциите нема да препознаваат, а со тоа и да санкционираат одредено насилство, рече Николова.