Контакт

Македонија

Министерот Тодоров се запозна со начинот на изведување во пост средното образование

Објавено пред

Министерот за образование Никола Тодоров денеска го посети средното градежно училиште ГУЦ „Здравко Цветковски“ за да се запознае со начинот на кој се изведува наставата во пост средно образование.

dobivaj vesti na viber

„Задоволен сум од она што денска го видов. Видов повеќе луѓе кои што одлучиле да се дообразуваат. Некои се помлади, други во поодминати години, некои се вработени, некои невработени, некои имаат завршено други средни училишта па работата која што ја нашле им налага да се стекнат со ваков тип на образование“ – изјави министерот Никола Тодоров.Драгица Костадиновска директор на училиштето истакна дека во ова градежно геодетско училиште во моментов се реализира настава за пост средно образование во десет профили со шестмесечна теоретска и практична обука, преку која кандидатите можат одблиску да се запознаат со вештините и знаењето од одредена област во градежната струка.По завршувањето на обуката кандидатите се стекнуваат со  диплома за специјалистичко образование која им овозможува да се запишат во некое стручно високо образование. Пост средното образование им овозможува на кандидатите да бидат инструктори и во средните стручни училишта, да водат практична настава и да водат сопствена компанија во делот на градежништвото.Според Тодоров квалификациите кои што ги стекнуваат кандидатите во пост средното образование им овозможуваат да бидат повисоко ценети во компанијата во која што работат и да имаат повеќе вештини и компетенции кога аплицираат на пазарот на трудот.„Досега праксата покажа дека се потребни такви кадри затоа што од областа на градежната и геодетската струка образованието е општо, но компаниите во кои се вработени кандидатите бараат специјализација од одредени области, каде што тие ќе бидат директно вклучени во технологијата на работењето и во процесното прганизирање и водење на работните места“ – рече Костадиновска..



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија

Објавено пред

Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.

dobivaj vesti na viber

На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.

Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.

Прикажи повеќе...

Македонија

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.

dobivaj vesti na viber

„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.

Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Отстранета дивоградба на улица „Орце Николов“, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Објавено пред

Од

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало, соопштија од Општината.

dobivaj vesti na viber

Конструкцијата била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните.

„Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Градежниот инспектор издал решение со кое на инвеститорот „Екотон Дизајн“ му било наложено да ја отстрани нелегалната доградба. Бидејќи инвеститорот не постапил по решението и по неколкуте опомени, општинските служби ја отстранија бесправно изградената конструкција.

„Општина Центар спроведува континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти. Целта е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината“, соопштија од Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 минути

Струмичанецот кој со шприц сакаше насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија1 час

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија1 час

(Фото) Отстранета дивоградба на улица „Орце Николов“, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет3 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија4 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет4 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет5 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет14 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија18 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија21 час

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија22 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија23 часа

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ1 ден

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет1 ден

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет1 ден

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет1 ден

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет1 ден

Хамас побара евакуација на своите борци што останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...