Македонија
Главниот економист на СБ денеска во Македонија
Индермит Гил, главниот економист на Светска Банка за регионот на Европа и Централна Азија денеска ќе престојува во Македонија.
Индермит Гил, главниот економист на Светска Банка за регионот на Европа и Централна Азија денеска ќе престојува во Македонија. По повод посетата на Гил, Министерот за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија, Зоран Ставрески ќе организира тркалезна маса на тема „Како да се постигнат повисоки стапки на раст во посткризно окружување“. крај/со/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Исени: „Потребни се силна превенција, брза реакција и меѓународно партнерство“
Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска учествуваше на петтиот состанок на Неформалната платформа за намалување на ризици од катастрофи што се одржа во Владата на Република Северна Македонија, на кој присуствуваа амбасадорот на Австрија Мартин Памер, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан, амбасадори и претставници на меѓународните организации.
Во своето обраќање, Исени нагласи дека Министерството за внатрешни работи го смета учеството во платформата како важна одговорност и можност за унапредување на националните капацитети во управувањето со ризици. Тој потенцира дека климатските фактори, технолошките промени, сајбер предизвиците и хибридните закани бараат координиран и модерен систем на делување.
Посочи дека изминатата година државата се соочи со сериозни пожари, како и трагедијата во Кочани која уште еднаш ја потврди потребата од брза и сигурна институционална реакција. Притоа, ја нагласи важноста од зајакнување на превентивните механизми, подобрување на оперативните капацитети и вложување во човечки и технички ресурси.
Како позитивен пример за меѓународна соработка го истакна учеството на Северна Македонија во Европскиот механизам за цивилна заштита – UCPM, преку кој државата доби значајна помош во справување со пожарите. Дополнително информираше дека е во тек модификација на над 40 специјализирани возила на армијата и полицијата за гаснење пожари на тешко достапни терени.
„Министерството за внатрешни работи останува целосно отворено за предлози, поддршка и техничка помош кои ја унапредуваат ефикасноста, транспарентноста и современиот пристап во системот за намалување на ризици од катастрофи“, истакна Исени. Тој додаде дека само со обединети напори и стабилни партнерства државата може да изгради систем кој ќе биде пример во регионот.
Упати благодарност до меѓународните партнери за континуираната поддршка и ја изрази подготвеноста на МВР за уште поинтензивна соработка во наредниот период.
Македонија
Муцунски во Брисел: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел. На состанокот, министрите разговараа за имплементацијата на одлуките донесени на Самитот во Хаг, зајакнувањето на колективната одбрана и одговорот на современите безбедносни предизвици.
Во своето обраќање, Муцунски ја нагласи важноста од долгорочен и стратешки пристап на Алијансата, како и потребата од единство меѓу сојузниците во насока на одржлива политичка волја, фер распределба на товарот и колективна посветеност. Тој укажа и на потребата од заеднички пристап за постигнување долгорочно и заемно прифатливо мировно решение, преку конструктивниот дипломатски процес отпочнат од САД и Украина, со поддршка на партнерите.
Министерот истакна дека Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ, при што ваквиот усогласен и стратешки ангажман ќе придонесе за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, како и за поддршка на целосната интеграција на земјите од регионот во европските и евроатлантските структури.
Македонија
Алиу: Кадровски се зајакнува КБ Tетово – доделени решенија за вработување 28 доктори специјализанти
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ја посети Клиничката болница во Тетово по повод доделување решенија за вработување доктори-специјализанти од повеќе области.
-Со големо задоволство присуствувам на доделувањето решенија за вработување на 28 доктори специјализанти. Станува збор за приватни специјализанти од повеќе различни области, со што сериозно се унапредува специјалистичката здравствена заштита во оваа установа. Приватните специјализанти се вработуваат по објавен конкурс, спроведени тестирања, интервјуа, односно по завршување на сите законски процедури. Во рамки на заложбите за регионализација на здравствените услуги и зајакнување на регионалните клинички и општи болници низ државата, токму Клиничката болница во Тетово е еден од примарните фокуси на Министерството за здравство, посочи Алиу.
Тој потсети дека во рамки на заложбите за регионализација, во оваа установа се работи и на дисперзирање на онколошките услуги, со цел овие пациенти да ги добиваат потребните здравствени услуги поблиску до местото на живеење

