Македонија
Адвокатите ќe ја напуштат „Пајажина”
Острата реакција на адвокатите следи по денешното трето одлагање на вештачењето на докуменацијата запленета од фирмите на “Перо Наков”
По денешното одложување на истрагата за случајот “Пајажина” со детали околу судската постапка со соопштение до јавноста се обрати адвокатскиот тим на осомничените. Во соопштението пишува: “Одбраната на сите обвинети има сознанија дека обвинителски тим веќе трет ден се наоѓа во Охрид каде веќе е напишано обвинението и се чекаат резултатите од вештачењето кое според истражниот судија треба и е наредено да се изготви до утре 22.03.2011 година”. Исто така адвокатскиот тим незадоволен од текот на истрагата соопштува : “Сериозно се размислува и став е на сите бранители да ја откажат одбраната, за да не дадат легитимитет на вака водена постапка и не бидат гол декор во незаконското постапување на судот”.Острата реакција на адвокатите следи по денешното трето одлагање на вештачењето на докуменацијата запленета од фирмите на “Перо Наков”. За денес во 10 часот во Биротo за судски вештачењa во Скопје на закажаното вештачење од судот се јавија сите потпишани бранители од овој поднесок и обвинетите доведени од притворското одделение на затвор Скопје, како и обвинетите кои се во куќен притвор. Пред да почне вештачењето бранителите побарале да се води официјален записник. Но бидејќи истражниот судија, а и обвинителот не биле присутни во просториите на Заводот за судки вештачења и немало кој да води записник адвокатите велат дека биле принудени приговорот за непостоење услови за вештачење да го доставиме преку архивата на суд, за судијата и јавноста да знаат зошто немало услови да се одржи вештачење. Од одбраната се изненадени од сознанието дека во наредбата издадена од судијата на вештите лица е даден краен рок истото да се заврши утре , па според нив останува нејасно доколку обвинетите бараат увид во доказите поради нивната обемност како тоа ќе го сторат за еден ден. Адвокатите обвинуваат дека судот така сака да создаде алиби дека е вршено вештачење. Сите забелешки околу истрагата адвокатскиот тим ги известил надле надлежните институции во државата , а ќе ги извести и сите странски амбасади и меѓународни организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

