Македонија
????????? ?? ???? ????????, 50 ???????? ?? ??????
Епидемија на морбили (мали сипаници) е прогласена во Скопје , Куманово и Струмица а од вкупната бројка на заболени која достигна 522 случаи до 27.март, само во селото Радуша има 50 заболени ученици.
Епидемија на морбили (мали сипаници) е прогласена во Скопје , Куманово и Струмица а од вкупната бројка на заболени која достигна 522 случаи до 27.март, само во селото Радуша има 50 заболени ученици.
Од Институтот за јавно здравје информираа дека дури 95 отсто од заразените не биле вакцинирани и апелираат родителите под итно да ги вакцинираат децата и да проверат дали децата се вакцинирани на 13 месечна возраст и со втора доза во прво одделение.
Од Комисијата за заразни болести велат дека во последните три недели бројката на заболени е рапидно зголемена.
Во Радуша педесетте заболени се средношколци од албанска националност кои се заразиле меѓусебно возејќи се со истиот автобус. Во селото е направена теренска имунизација кај населението и ситуацијата полека се смирува, велат од Комисијата за заразни болести.Констатирано е дека најмногу заболуваат деца под едногодишна возраст, бидејќи не се вакцинираат и децата до четиригодишна возраст.
„Во Скопје , Струмица и Куманово потребно е да ги вакцинираат децата од шестмесечна возраст и препорачуваме повозрасните над 18 години да се јават за вакцинација.“, рече Јованка Костова од Комисијата за заразни болести.
Костова додаде дека вакцините се безбедни и за бебињата на шестмесечна возраст и дека нема причина за паника кај родителите.Како што кажа Костова, симптомите кај заболените од морбили се препознаваат тешко бидејќи се слични како оние кај заболените од грип, проследени со висока температура и „насолзени очи“.
„Препорака е да се обрне внимание во здравствените установи , особено во чекалниците, да не ги лоцираат на исто место децата кои чекаат за грип и морбили, да се лекуваат на посебни оддели, бидејќи е многу заразно и респираторно заболување кое се пренесува преку воздух“, рече Костова.
Околу 40 отсто од заболените се од ромска популација,и неопходно е да се вакцинираат сите затоа што тоа е единствена превентивна мерка за заштита од сипаници и единствена мерка која може да спречи ширење на епидемијата, велат од Комисијата.
Дадена е и препорака во оние градови каде што има пријавено еден лабораториски потврден случај на морбили или два епидемиолошки поврзани случаи, веднаш да се започне со вакцинација на деца од 6 месечна возраст, па се до луѓе на 40 годишна возраст.
Од Комисијата велат дека од Владата побарале да се зголеми бројот на тимовите за вакцинација, бидејќи во моментов има околу 136, а има потреба за барем 200 тимови./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Македонија
Да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари, му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, велат од СДСМ
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, велат од СДСМ.
Според оваа партија, за два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле, како што истакнуваат, „омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник“.
„20 милиони денари е тендерот за „Пирамид Б“ со склучен договор на 05.12.2026 година.
76 милиони денари е тендерот за „Ленди Груп“ со склучен договор од 28.01.2026 година.
Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?
Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56 тендери на „Пирамид билдинг“, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?
Или да се извинуваме и 74 тендери на „Ленди груп“ вредни 17.5 милиони евра?
Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?
Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе“.
А што се однесува до чантата, следниот пат, додаваат од опозициската партија, кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, „очигледна е“.
„Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“.

