Македонија
ДУИ не го поддржа новиот закон за пратеници
Новиот закон за работа на пратениците, кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ, не наиде на поддршка кај нивниот коалиционен партнер ДУИ.
Новиот закон за работа на пратениците, кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ, не наиде на поддршка кај нивниот коалиционен партнер ДУИ. „Ние мислиме дека тоа што се предвидува со новиот закон за пратеници, односно да се казнува бојкотот не е во ред, бидејќи пратеникот треба да се казнува од електоратот. Бојкот може да има и надвор од парламентот и внатре во парламентот и треба да имаме в предвид дека одлуките за бојкот не ги донесуваат пратениците, туку ги донесуваат политичките субјекти, токму затоа ние гласавме против ваквото решение“, изјави пратеникот Рафис Алити од ДУИ. Според него доколку биде изгласано ова законско решение не значи дека нема да има пратеници кои нема да го бојкотираат Собранието. ДУИ децидни во својот став дека електоратот е тој кој што треба да ја казни работата или бојкотот на пратеникот. Предлог законот за пратеници кој вчера беше доставен до Собранието, денеска беше усвоен на пленарна седница по скратена постапка и истиот ќе оди на понатамошно читање во собраниските тела. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

