Македонија
Претставката за судиката на Бучковски Судскиот совет ја одби

Судскиот совет денеска на јавна седница разгледуваше над 160 претставки поднесени од граѓани, незадоволни од судските постапки. Меѓу претставките беше и поплаката на адвокатскиот тим на поранешниот премиер Владо Бучковски на кого му се суди за финансиски малверзации додека беше министер за одбрана.
Судскиот совет денеска на јавна седница разгледуваше над 160 претставки поднесени од граѓани, незадоволни од судските постапки. Меѓу претставките беше и поплаката на адвокатскиот тим на поранешниот премиер Владо Бучковски на кого му се суди за финансиски малверзации додека беше министер за одбрана. Претставката ја реферираше еден од членовите на советот кој кажа дека била поднесена од група адвокати. Во претставката биле наведени детали околу работата и постапките на судијата која го води предметот. Адвокатите побарале поведување постапка за нестручно и несовесно работење на судијата. Но советот претставката не ја прифати. Била земена изјава и од судијата во која таа во детали кажала како и според кои одредби од Законот за кривична постапка постапувала. Беше констатирано дека судската постапка е во тек и додека не заврши судскиот совет не смее да се меша. Потоа адвокатите имаат право на жалби до повисокиот суд, кој доколку утврди грешки во постапката тогаш и судскиот совет ќе се вклучи во истражување на работата на судијата. Останатите предмети кои беа разгледани беа повеќето жалби за граѓански и оставински постапки за кои граѓаните се уште се жалат дека долго траат./крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје, време е да му го вратиме ликот на вистинска метропола

„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова. Според нејзината визија за центарот на градот, се предвидува затворање на сообраќајот и ставање на јавниот простор во функција на пешаците, туристите, велосипедистите, не на автомобилите.
„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола – град кој ќе биде пристапен и функционален. Мојата визија за „Мал ринг“ е суштинска промена на центарот на градот. Проект кој подразбира затворање на мал ринг за сообраќај, адаптиран за пешаците и велосипедистите. На Рекорд ќе има дозвола за превоз само за ЈСП и специјални возила. Ќе го заживееме јавниот простор со урбана опрема и ќе воведеме посебни содржини. Центарот многу брзо ќе го добие ликот како што заслужува нашето Скопје и ќе го врати сјајот на метропола“, рече Шукова.
Порача дека Скопје сега е задушен град поради неуспешните импровизации на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.
„Централното градско подрачје, познатиот „Мал ринг“ кој е срцето на Скопје, сега е задушен, поради деструктивните импровизации на ВМРО ДПМНЕ и незаинтересираноста на нивната менаџерка Данела Арсовска. ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје – скапо платен со народни пари, а со трајни последици по јавниот простор. Денес, строгиот центар на Градот е задушен од објекти, прекумерен сообраќај и без соодветна инфраструктура за пешаците и велосипедистите. Тоа време мора да остане зад нас! “, изјави Шукова.
Македонија
Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за самитот на ОБСЕ, каде што е сѐ чисто, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10 %.
„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината“, изјави Османи.
Османи потсети дека уште пред да заврши самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата“, појасни Османи.
Истакна дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по што јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС преку „Еразмус+“ ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев, Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари.
Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии“.
Лефков прашува, како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС.
„Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?
Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?
Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС“, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.