Македонија
Донаторска конференција за средното училиште во Шуто Оризари

Обезбедување средства за доизградба на средното училиште во Општина Шуто Оризари е главната цел на донаторската конференција која денеска се одржа во Владата.
Обезбедување средства за доизградба на средното училиште во Општина Шуто Оризари е главната цел на донаторската конференција која денеска се одржа во Владата. На конференцијата присуствуваа претставници на амбасади и мисии во Македонија.Според министерот без ресор, Неждет Мустафа, финансиската конструкција ќе биде целосно затворена и притоа тој изрази уверување дека училиштето ќе профункционира од 1-ви јули. „Уверен сум дека изградбата ќе продолжи да се реализира и дека на 1 септември оваа година децата во Шуто Оризари ќе го имаат првиот училишен час во тоа училиште“, изјави Мустафа.Од потребните 62 милиони денари за довршување на училиштето, досега Владата обезбеди 28 милиони, додека дополнително милион денари се пренаменети од средствата предвидени за прослава на 8-ми април, светскиот ден на Ромите. Влада очекува парите да бидат дополнително обезбедени од донации.Зградата на средното училиште веќе две години е во изградба. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Богомилски Поход, Благоја Мучето, Тодор Чангов и Ѓорѓе Андреевиќ Кун. (Општина Ародром)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Беласица и дел од ул. Петричка. (Општина Центар)
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди (во околината на Градежниот факултет). (Општина Центар)
· од 11:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Исаија Маџовски и дел од ул. Воин Драшкоци. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во петок и сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).