Македонија
Отпуштања од градинките во кои има превработеност
Во сите градинки каде што ќе се утврди превработеност од технички персонал кој работи под договор на дело, ќе следат отпуштања
Ова е епилогот од денешните протести пред Владата на негователките, воспитувачките и техничкиот персонал од градинките во општина Карпош и Куманово, кои работат под договор на дело. „Таму каде што ќе се утврди превработеност во градинките, ние ќе ги скратиме блок дотациите до локалната власт, а дали локалната власт ќе ги задржи на работа тоа останува на нив“ – изјави министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами по средбата со штрајкувачкиот одбор од градинките.За таа цел, Министерството за труд и социјала ќе состави комисија со членови од министерството УНИЦЕФ и ЗЕЛС кои ќе треба да утврдат нови стандарди за вработување на техничкиот персонал во градинките, врз чија основа од септември градоначалниците ќе добиваат блок дотации по кои ќе се исплаќаат вработенитеСпоред Бајрами, во некои градинки се врши злоупотреба од директорите и градоначалниците кои вработуваат лица под договор на дело многу повеќе од тоа што има реална потреба„Нема да дозволиме на своја рака дел од градоначалниците да ангажираат лица со договор на дело надвор од потребното. Тие ќе можат и понатаму да го прават тоа, немаме механизам да ги спречиме но ние ќе плаќаме блок дотации во кои ќе бидат вклучени и платите врз основа на тоа што е реално потребно и тоа се однесува подеднакво за сите општини“ – изјави БајрамиЗа Бајрами симптоматично е што токму во овој период перосналот од градинките од Карпош и Куманово излегуваат на протести„Тие се ангажирани од локалната власт на некој начин без никаков основ. Меѓутоа ние како Влада, како министерство, изразивме добра воља да го решиме проблемот кој што се провлекува со години наназад. Кажавме дека периодично ќе ги решаваме негователките и воспитувачките зависно од потребата и помошниот персонал во градинките“ – рече Бајрами.Негователките не се задоволни од новата одлука која им ја соопштил министерот на денешната средба и најавуваат и други протест„Не се откажуваме. Наместо да одиме кон подобро ние се враќаме назад“ – велат од штрајкувачкиот одбор на персоналот од градинките од Карпош и Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

