Македонија
Љубе Бошкоски однесен во полициската станица во Авто команда

Љубе Бошкоски во моментов се наоѓа во полициска станица во Авто команда.
Љубе Бошкоски во моментов се наоѓа во полициска станица во Авто команда. Како што јавува репортерот на Макфакс, пред полициската станица веќе се собраа неговата поблиска фамилија, соработници, како и десетина поддржувачи на Обединети на Македонија (ОМ). Во полициската станица во моментов е и адвокатот на Бошкоски, Љубомир Михајловски-Џанго.„Не знам се уште ништо ме викнаа да го бранам Љубе во понатамошната постапка, според информациите кои ги добив уапсен е за „нелегално финансирање на политичката кампања„“, рече тој. Членовите на претседателството на ОМ исто така дојдоа пред полициската станица да му дадат поддршка на својот лидер.„Дојдовме да изразиме поддршка на Љубе Бошкоски и да изразиме револт кон овој режим на власта, затоа што на овој начин на кој што се поставуваат го докажуваат изборниот фалсификат за кој веќе имаме подартоци и сознанија“, рече Наталија Ивчева член на претседателството на ОМ. крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар