Македонија
Продолжен притворот против обвинетите во „Пајажина“
Притворот на обвинетите во случајот познат во јавноста како „Пајажина“ продолжен е на дополнителни 30 дена, а продолжена е и мерката куќен притвор, против останатите обвинети од истиот случај.
Притворот на обвинетите во случајот познат во јавноста како „Пајажина“ продолжен е на дополнителни 30 дена, а продолжена е и мерката куќен притвор, против останатите обвинети од истиот случај.Вака реши денеска Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 .Дел од обвинетите за случајот пајажина, меѓу кои е и сопственикот на А1 телевизија, се наоѓаат во притвор уште од 23 декември 2010 година.Покрај сопственикот на А1, во случајот „Пајажина“ се обвинети уште 22 лица за, како што е наведено во обвинението, злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службеното овластување, даночно затајување и оштетување на доверители. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

