Македонија
Продолжена ролерската патека на левата страна на Вардар
Градоначалниците на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски денеска ја пуштија во употреба новата ролерско велосипедска патека, на кејот на левата страна на Вардар, од фабриката „Комуна“, до мостот „Близнак“.
Градоначалниците на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски денеска ја пуштија во употреба новата ролерско велосипедска патека, на кејот на левата страна на Вардар, од фабриката „Комуна“, до мостот „Близнак“.Патеката е долга 2.338 метри и широка четири метри и претставува продолжение на ролерската патека, која води од центарот на градот.Новата патека е асфалтирана, означена со хоризонтална сигнализација и со сообраќајни знаци. Градежните работи ги извршија екипите на ЈП „Улици и патишта“ и фабриката „Карпош“, а нејзината изградба чини околу седум милиони денари.„Со оваа патека, ние го реализираме нашето ветување дека левата страна на Вардар ќе ја направиме да биде иста како и десната“, рече Трајановски.Патеката ќе биде осветлена во октомври, а следната година предвидено е да се гради и пешачката патека на овој дел. „Незнам дали ќе имаме доволно средства за неа, но во секој случај ќе ја почнеме и ќе бараме донатори, од фирмите кои гравитираат во овој дел, со што комплетно ќе биде направен левиот кеј на вардар, рече Трајановски.Според градоначалникот на Гази Баба, новата патека на кејот на Вардар ќе претставува место за рекреација за жителите на Автокоманда и Керамидница.„За жал населбата Керамидница во минатото беше градена без некој урбанистички план. Сега со деталниот план и уредувањето на вакви простори ова ќе биде едно од најубавите места за живеење, не само во општината“, рече Трајковски. /крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Спиропали: во фокусот актуелните случувања
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците, соопштија од кабинетот на Меџити. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
„Присуството во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако беше организирана посебна вечер наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
„Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови“.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

