Македонија
За убиството на Нешкоски се говореше и на Егзит

Претставници на група граѓани од Македонија вечерва во Нови Сад ги информираа присутните на познатиот музички фестивал Егзит, дека веќе цел месец протестираат во Скопје заради убиството на Мартин Нешкоски.
Претставници на група граѓани од Македонија вечерва во Нови Сад ги информираа присутните на познатиот музички фестивал Егзит, дека веќе цел месец протестираат во Скопје заради убиството на Мартин Нешкоски.Како што пренесе агенцијата Бета, младите од Македонија на бината Агора рекле дека младиот Нешкоски бил брутално претепан од припадник на полицијата.„Ова момче ја славеше победата на партијата за која што гласал на изборите во Македонија, кога полицајци од непознати причини го нападнале, по што за неколку минути бил мртов“, рече активистот Мартин Наниќ.„За нас говорат дека сме опозициски платеници, но ни е не сме група, која на било кој начин е политички обоена. Нашиот секојдневен протест е прв демократски протест во изминатите 20 години, со кој сакаме да ја сопреме политичката репресија“, рече Дарко Арсовски. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)