Македонија
Локум фест се одржува по петти пат

Синоќа старата битолска чаршија повторно заживеа во духот на некогашниот џагор, пазарџиите, чалгиите и традицијата.
Синоќа старата битолска чаршија повторно заживеа во духот на некогашниот џагор, пазарџиите, чалгиите и традицијата.По петти пат Локум фест во духот на изворното се одржа во срцето на чаршијата каде на многубројните посетители преку локумот,старинските закуски, фолклорните мотиви од ракотоворците уметници им покажа што значи жива чаршија.„ Да ја славиме традицијата да се потсетиме на конзулска Битола на локумот на чалгиите на нашиот идентитет, на нашето потекло, на нашиот град.“- вели Тоше Ивановски културна деконтаминација.Модерната музика со етно елементи од македонскиот фолклор ги задржа посетителите да уживаат во попладневната седенка.Фестивалот е во рамки на најдолгото културно лето во Македонија, Бит фест.Групата Љубојна беше закуската на вечерта како и Сирма војвода, Деспина а утре главни изведувачи ќе бидат Афион од Хрватска.Фестивалот синоќа се отвори а ќе трае до понеделник. крај/тера/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)