Македонија
Кавга на првата седница на комисијата за работата за надзор на УБК и АР
Жолчна дебата ја одбележа првата седница на собраниската Комисија за надзор над работата на управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенциајта за разузнавање, откако како прва точка на дневен ред беше предложен нов деловник за работа на комисијата.
Жолчна дебата ја одбележа првата седница на собраниската Комисија за надзор над работата на управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенциајта за разузнавање, откако како прва точка на дневен ред беше предложен нов деловник за работа на комисијата. Откако беше констатирано дека се работи за измени на деловникот користен при работата на комисијата за време на мандатот од 2008-2011 година, пратениците од власта побараа да им биде доставен јасен преглед на сите промени што се предлагаат. Во ова пратениците на опозицијата препознаа обид за блокирање на работата на комисијата.„До наредната седница и пред гласањето на овој деловник, ние би сакале како пратеници да добиеме листа и точно нотирање кои членови се променети, на кој начин и кои делови се променети во деловникот“, рече Влатко Ѓорчев.„Доколку господинот Ѓорчев и другите пратеници имаат забелешки суштински по деловникот, да ги нотираат и да дебатираме. Можеби тие нотирани забелешки ќе го подобрат текстот на деловникот и ние ќе бидеме подготвени да ги прифатиме“, рече Горан Минчев, претседател на комисијата. „Во комисијата имаме неколку нови пратеници. Треба да им дозволиме да го земат стариот деловник, да направат споредба, да го земат законот за внатрешни работи и да го разгледаат. Тоа не е опструкција“, побара пратеникот Веле Георгиевски.„Тоа е сценариото. Тоа се два методи на ВМРО-ДПМНЕ — лицемерие и лага. Ова што го бара денес ВМРО-ДПМНЕ е толку непринципиелно да навистина, ако излеземе здрави и неисконтимирани од некоја заразна болест, среќа ќе имаме“, рече Јани Макрадули.Откако по неколку реплики, контрареплики и процедурални забелешки пратениците не го услогласија ставот, предлог-новиот деловник беше отфрлен со 4 гласа „за“ и 5 „воздржан“. Работата на комисијата ќе продолжи согласно досегашниот деловник. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.
Македонија
Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.
Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде отпочната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.
Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги разгледува можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.
„Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва“, велат од МНР.

