Македонија
Прв уписен рок на државните универзитети
Студентите денеска почнуваат да се борат за запишување на едно од вкупно 30.011 слободни места на државните универзитети во Македонија.
Студентите денеска почнуваат да се борат за запишување на едно од вкупно 30.011 слободни места на државните универзитети во Македонија.Првиот уписен рок на сите јавни високообразовни установи ќе се одржува денеска и утре, освен на Државниот универзитет во Тетово, каде првиот уписен рок почнува денеска и ќе трае три дена.Од вкупната бројка на слободни места, 17.447 студенти ќе се запишат како редовни студенти во државна квота, 8.453 обезбедени места за студенти кои ќе се запишат на редовни студии со кофинансирање и вкупно 4.111 слободни места за вонредни студенти.На скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ има вкупно 12.747 слободни места од кои 6.892 за студенти со државна квота, 4.264 за редовни студенти кои ќе се запишат со кофинансирање на студиите и 1.591 место за оние кои ќе студираат вонредно.Партиципацијата за редовните студенти во државната квота изнесува 200 евра годишно , за редовните студенти со кофинансирање на студиите и вонредните студенти партиципацијата изнесува 400 евра .Студиите на сите дисперзирани студиски програми за сите редовни студенти изнесува 100 евра годишно.Вториот уписен рок е на 1-ви и 2-ри септември, додека третиот уписен рок е на 15 септември. /крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

