Македонија
Истекува рокот за формирање на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците
Утре е крајниот рок до кога во Собранието треба да биде формиран Комитетот за односи меѓу заедниците.
Утре е крајниот рок до кога во Собранието треба да биде формиран Комитетот за односи меѓу заедниците. Поради ова, попладнево состанок ќе одржат координаторите на пратеничките групи. Спорни се 4 од вкупно 19 членови на Комитетот. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни ставови околу тоа како да се распределат местата за турската, ромската, бошњачката и српската заедница, со оглед на тоа што преставници од овие заедници во парламентот имаат и позицијата и опозицијата. Од ДУИ велат дека, доколку не се постигне договор, ќе се оди на преодно решение преку именување на спорните членови од редовите на владејачката коалиција, а по евентуално постигнување на договор, да дојде до нивна замена. „ Доколку нема усогласеност до утрешниот рок, партнерите на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од сопствениот состав на коалицијата да ги определат сите членови на комитетот, а во моментот кога ќе се усогласат ставовите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, може да се направи интервенција во составот на комитетот и со таа усогласена одлука по тој рок да може да се заменат неколку членови“, изјави Талат Џафери од ДУИ.Меѓу власта и опозицијата нема спор за 7-те членови Македонци и 7-те членови Албанци во комитетот, ниту за едниот преставник-Влав, со оглед на фактот што оваа заедница е застапена само со еден пратеник во законодавниот дом. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.